Home / Спортски настани / Работилница на тема: “Фер игра во спортот“

Работилница на тема: “Фер игра во спортот“

Во рамките на активностите на Локален  совет за превенција на детско  престапнишво на Општина Велес , на 16.4.2019 год. (вторник) во ССОУ “Коле Неделковски“ се организираше работилница на тема “Фер игра во спортот“. Работилницата беше реализирана од страна на Катерина Стојадиновиќ како дел од Локален  совет за превенција на детско  престапнишво и наставникот по спорт и спортски активности м-р Ангелче Гушев.

Во активностите кои беа превземени од страна на Ангелче Гушев како главен презентер, беше разгледан поимот “Фер плеј“ во спортот и што значи фер плејот, неговите составни делови и можностите што ги нуди  спортот  за заедништво, без оглед на сите разлики во спортските  екипи како колектив кој во суштина има една единствена цел, а тоа е  заедништвото. Потоа беше напоменато дека  младите во спортот и преку него мора да се учат и да се воспитуваат  дека  во меѓусебните односи и заедничкиот живот мора да постои почитување на другите луѓе без оглед на нивната вера, раса, пол или националност.

Потоа во дел од излагањето беше напоменато дека многу значајна улога на спортот е да се негува и развива пријателството. Преку спортот младите се запознаваат меѓусебно и се дружат, си помагаат еден на друг и на тој начин стануваат добри пријатели.  Спортистите на еден тим ја делат и радоста и тагата по победата или поразот. Тие се потпираат еден на друг за време на припремите, патувањата, турнирите и тн.

Беше истакнато дека младите во спортистите ги пронаоѓаат своите примери и идоли. Тие го  имитираат  нивниот стил на игра и нивното однесување. Затоа спортистите треба да бидат свесни дека многу делуваат воспитно на  млада публика.

И на крај беа презентирани и десете правила за навивачите кои се однесуваат на следното:

  • спортскиот натпревар е и исклучително културен чин.
  • идеалите од спортските натпревари се од исклучително значење не само за спортистите туку и за гледачите.
  • позитивниот став на гледачите се одразува и на спортистите на теренот.
  • воодушевување и искреност на идолите, не дозволувајте да надвладее некоректен однос
  • објективност во очекувањата  на резултатот дека и спортистите се луѓе.
  • доверба во чесните намери на судијата и почитување на неговите одлуки
  • славењето  на  победата и признавањето  на  трудот и залагањето на поразениот
  • почитување на  различни мислења.
  • со фер однесувањето на спортсите натпревари го зголемувате нивниот успех.
  • заштитита на принципите на ФЕР ИГРАТА

На работилницата учество земаа педесетина ученици од ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Download Premium Magento Themes Free | download premium wordpress themes free | giay nam dep | giay luoi nam | giay nam cong so | giay cao got nu | giay the thao nu