На 23. 12. 2013 година водечките луѓе на училишниот спорт од Македонија, Србија, Хрватска, Турција и Бугарија во присуство на Јан Колен Генераален секретар на Интернационалната Спортска федерација одржаа средба во Белград, Србија. Република Македонија на состанокот ја претставуваше претседателот на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, проф. д-р Александар Туфекчиевски.
На Состанокот произлегоа следните заклучоци кои во наредниот период ќе треба да се реализираат:
1. Повисоко ниво на организaзација со цел да се даде можност на децата од основно училиште на возраст помеѓу 13 и 15 години за да се натпреваруваат во регионален формат.
2. Со ова ниво на организација ќе се дејствува во целосна согласност со правилата и мисијата на ISF и активностите организирани нема да се мешаат со програма на ISF.
3. Се покануваат сите земји во регионот кои се заинтересирани да бидат дел од оваа иницијатива (да се приклучат до крајот на февруари 2014 година).
4. Во меѓувреме, ќе се договори текстот на статутот и ќе биде подготвен врз основа на забелешките и препораките на земјите учеснички.
5. Нареден состанок ќе се одржи во првата половина на 2014 година во Република Македонија и во таа прилика ќе се организира основачкото собрание на регионалната училишна спортска организација.
Превземено од: www.ams.gov.mk