Вежбањето влијае на нашиот живот на различни начини, освен што ги подобрува имунитетот и расположението, придонесува и за зголемување на енергијата во организмот и самодовербата. Освен на физичко ниво, вежбањето делува и на менталната состојба и квалитетот на живеење. Еве неколку позитивни ефекти што можеме да ги почувствуваме од вежбањето:
1. Редовното вежбање ја зголемува енергијата
Движењето ни дава повеќе енергија, има голема разлика меѓу умор и исцрпеност. Ако почувствувате дека сте немотивирани и помалку мрзеливи, вежбањето ќе овозможи дополнителна енергија во телото.
2. Вежбањето ја зголемува самодовербата
Редовното вежбање може да изгради ново ниво на самодоверба, да ја намали анксиозноста што овозможува нормално да функционираме и да ги извршуваме обврските кои обично ги одложуваме. Самодовербата од вежбањето не значи дека ќе имате само подобра претстава за физичкиот изглед, туку подобрување во секоја сфера во животот. На пример, ако треба да преземете нов чекор во вашата кариера, вежбањето може да биде главната причина за вашиот успех.
3. Вежбањето ги зајакнува коските
Исто како и мускулите, ткивото на коските реагира на вежбањето на тој начин што станува посилно. Без разлика на возраста, да се има здрави коски значи виталност на организмот. Како што старееме, губењето на силата и коскената маса е неизбежно, така што е многу важно да работиме на нашите мускули и коски колку што можеме. Ова ќе се одрази позитивно на постари години, како превентива од паѓање и повреди.
4. Вежбањето ги подобрува метаболизмот и имунитетот
Редовното вежбање го подобрува метаболизмот што значи дека го заштитува од болести. Физичката активност има клучна улога во заштитата од срцеви заболувања. Кога станува збор за имунитетот, вежбањето помага да се исфрлат бактериите од белите дробови. Во текот на вежбањето се покачува телесната температура што овозможува телото да се бори со инфекции, пишува Lifehack.
Некои студии имаат покажано дека со вежбањето може да се детектираат некои болести порано, бидејќи се испраќаат антитела и бели крвни клетки кои се движат побрзо низ телото што овозможува уништување на потенцијалната бактерија во организмот.
5. Вежбањето ги согорува маснотиите
Стомакот и долниот дел на грбот се области на кои луѓето најмногу обрнуваат внимание кога станува збор за добриот изглед. За жал, телото сака да има вишок масно ткиво во овие делови, а вежбањето е единствениот начин за согорување на овие резерви, со оглед на тоа што диетите не се доволно ефикасни.
6. Вежбањето ја засилува менталната сила и дисциплина
Вежбањето е одлика на карактер и лични вредности, за да се натерате себеси да вежбате треба да имате ментална дисциплина, односно сила за нови животни предизвици.
7. Вежбањето ја подобрува долговечноста
Нема сомнежи дека вежбањето го зголемува животниот век кај луѓето. Студиите покажале дека оние кои редовно и упорно вежбаат во текот на целиот живот истото одлично го прават и на постари години.
8. Вежбањето значи подобри животни навики
Човекот кој вежба го менува животот на повеќе полиња како навиките во исхраната, животните цели, стилот на живеење и слично. Ако се мотивирате себеси да вежбате значи дека можете да се мотивирате за повеќе работи што сакате да ги направите во животот. Луѓето кои вежбаат го ценат своето здравје и се трудат да ги подобрат животните навики.
м-р Ангелче Гушев