Home / Спортски настани / Тркалезна маса со работници од областа на спортот

Тркалезна маса со работници од областа на спортот

sport1На  5.11.2013 год. (вторник) во Општина Велес се одржа тркалезна маса со работници од областа на спортот на која што беше разгледана Нацрт-програмата за спорт  во 2014 година. Средбата ја отвори заменик-градоначалникот др. Горан Јовиќ кој пред присутните ја истакна важноста од една ваква презентација на идните планови на општината. Овој нов начин на презентација на програмите е значаен момент во насока на транспарентно и отчетно работење но и во насока на зајакнување на партнерството кое што локаланата самоуправа го има со работниците од доменот спортот. Од страна на општинската администрација целосно беше презентирана Нацрт-програмата за 2014 година по што се отвори дискусија во која присутните ги изнесоа своите размислувања и ставови во врска во однос на програмата и во однос спортските активности во градот.

превземено од: www.facebook.com/pages/Општина-Велес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*