Сојуз на извидници на Македонија имплементирајќи ја годишната програма ја реализираше третата Младинска Академија. Младинската Академија е настан кој е наменет за младите кои се активни во граѓанските организации и имаат желба да го надоградат своето знање за подобро водење и менаџирање во своите организации.Младинската Академија [1.2] – Парите растат на дрво, ќе им овозможи на младите да се стекнат со вештини од областа на подготовка на проектни апликации и кампањи за финансирање. На оваа Младинска Академија [1.2] учество земаа 20 млади активни луѓе над 17 години во рок од два дена. Предавањата беа одржани во Домот на градежници-Скопје. Од страна на извиднички одред “Димитар Влахов”- Велес учество земаа Благојче Ѓорѓиев, Сара Нунеска и Трајче Темелковски.Покровител на Младинската Академија [1.2] е фондацијата Гласници на Мирот (Messengers of Peace).
м-р Ангелче Гушев