Home / Спортски настани / Тоа е Манчестер Јунајтед

Тоа е Манчестер Јунајтед

rosiДозволете ми да ви раскажам една приказна на сите вас кои му се потсмевате на Манчестер Јунајтед. Еден ден обични работници заедно се собраа да играат фудбал, а покрај тоа не сонуваа што ќе се случи. Нивниот сон засекогаш ги промени нивните животи. Тоа е Манчестер Јунајтед. Тимот го изгуби својот прв натпревар од резервниот тим на Болтон 6-0. Другата сезона испаднаа од лигата. Јануари 1902, беа пред распаѓање заради долгови, но тоа не се случи. Наместо тоа, се вратија во првата лига, и ја освоија, исто како и ФА Купот, и Комјунити Шилд, две години подоцна. Тоа е Манчестер Јунајтед. Од 1922 до 1940 Јунајтед константно испадна од лигата. Се соочуваше со нов банкрот 1931. Јунајтед повторно беше на ивицата за катастрофа. Но, тимот продолжи да се бори. Како второ пласирани завршија во сезоната 1947, 1948,1 948, а како прво пласирани 1952, 1955, 1956. Го освоија ФА купот 1948, и станаа ПРВИОТ АНГЛИСКИ КЛУБ КОЈ ИГРАШЕ ВО ЕВРОПА! За успех се чекаше 41 година.  Авионот полета 6 февруари 1958, се надеваа дека ќе допрат до слава. Наместо тоа, авионот се сруши и 8 играчи загинаа. Соочени со очајот и упропастувањето на клубот, тие продолжија да се борат. Истата година стигнаа до финале на ФА Купот. Без првиот тим успеваат некако да се одржат и повторно да се изградат. Седум години подоцна, додека загинатите играчи им се насмевнаа одозгора, тимот го освои првенството 1965, и 1967, како и Купот на Шампиони 1968. Тоа е Манчестер Јунајтед. Дваесет и пет години чекаа за трофеи, додека за тоа време тимот константно губеше и испадна од лигата, противничките менаџери и играчите им се потсмеваа. Меѓутоа ни тогаш тимот не застана! Го освоија првенството 1955, дуплата круна 1993, и ТРИПЛ круната 1999. Тоа е Манчестер Јунајтед, крв, упорност, зној, и солзи. Кажувате дека на нашиот тим му е потребна промена. Кажувате дека нашата тактика е застарена. Се смеевте бидејќи мислевте дека сме поразени. Ние се смеевме затоа што сето тоа го поминавме! Се смееме затоа што знаеме дека секогаш ќе се вратиме. Победуваме од неможни ситуации. Слава од најмрачен очај. Ние сме Манчестер Јунајтед.
Тоа е причината затоа што го сакам овој тим. Може не сме најдобриот тим на светот, може не сме најголеми од сите, но затоа сме најинспиративниот тим како никој до сега. Тоа е тоа што не разликува од останатите, ние сме тим кој стварно личи на тоа, после се! Не знам кога повторно ќе се вратиме, можеби оваа, можеби наредната, а можеби и по 5 или 10 години, но верувајте ми, ние никогаш не се откажуваме!

Не, ова не е слепа вера, туку таа вистинската.

превземено од: http://rosirosy.wordpress.com/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*