Тестот се користи за процена на брзината при промена на правецот на движење со задолжителна ротација околу оската на телото за 180º.
Реквизити: терен исцртан со линии на 6, 9, и 12м., опрема – систем на фотоќелии кои имаат точност на мерење од 1/10 секунди, во секој друг случај се јавуваат грешки.
Задача: Испитаникот е во положба на висок старт на линијата на стартот, свртен со лицето кон правецот на трчање. На знакот на мерачот, почнува да трча со максимална бразина до линијата оддалечена на 9м од стартот, ја допира со стапалата, се свртува за 180º и продолжува да трча до линијата која е одалечена 6м. од стартот. Повторно ја допира линијата со стапалата, повторно се свртува за 180º и продолжува да трча до линијата која е оддалечена од стартот 12м. Ја допира линијата со стапалата се свртува по трет пат за 180º степени и продолжува да трча до линијата која е оддалечена 9 м. од стартот. На оваа линија по четври пат се свртува за 180º. Задачата завршува кога испитаникот трчајќи со максимална брзина со градите ќе ја помине линијата на целта оддалечена 18 м. од стартот.
Оценување: тестот се изведува три пати. Се впишуваат сите три времиња, а се зема најдобриот резултат.
Напомена: испитаникот треба да е во спортска опрема. Тестот можете да го сретнете со мали модификации во стартната позиција на испитаникот (низок или висок старт) наместо завивање околу крајните конуси тие само се допираат, или во помала раздалеченост помеѓу внатрешните конуси итн.
Целта на тестот: за најкратко можно време да ја поминете рутата која е со строго одредена шема на свртувања и при тоа да избегнете контакт со конусите.
Потребни реквизити: штоперка, 8 конуси, метро за мерење должина
Табела за споредба на резултати:
Пол Одлично Над просечно Просечно Под просечно Слабо
Машки <15.2 сек 15.2 – 16.1 сек 16.2 – 18.1 сек 18.2 – 19.3 сек >19.3 сек
Женски <17.0 сек 17.0 – 17.9 сек 18.0 – 21.7 сек 21.8 – 23.0 сек >23.0 сек