На редовно годишно собрание на Федерацијата на училишен спорт на Македонија одржано на 26 септември 2013 год. (четврток) покрај другите активности на собранието беа донесени и следните:
ПРЕДЛОЗИ ЗА РАЗВОЈ НА УЧИЛИШНИОТ СПОРТ
Продолжување со финансирање на спортски објекти и реновирање на постоечките со обезбедување на спортска опрема во основните и средните училишта.
– Обезбедување на финансиски средства за секое основно и средно училиште за наградување на наставниците, односно професорите кои учествуваат во училишниот спорт.
– Отворање на спортски гимназии во поголемите универзитетски центри –Скопје, Тетово, Битола, Штип и други, каде ќе се прифаќаат спортските таленти и ќе се обезбеди пристап за тренинг за врвни резултати.
– Ангажирање на триесет училишни спортски координатори во поголемите Општини во Република Македонија.
– За учениците од одделенска настава да се организира забавен училишен спорт во рамките на училишните спортски клубови, односно општинските здруженија за училишен спорт.
– Да се овозможи вработување на наставници по физичко и здравствено образование во одделенска настава.
– Секое основно и средно училиште задолжително да учествува со најмалку два спорта на општинско – градско ниво во системот на натпревари.
– Спортовите кои тешко се одржуваат со самофинансирање (атлетика, гимнастика, бокс, борење, кајак, пинг[1]понг, шах и други) да се поддржат од централната и локалната власт преку училишните спортски организации.
– Да продолжи поддршката за формирање на училишни спо ртски клубови.
– Системот на натпревари да се збогати со повеќе возрасни категории усогласени со Меѓународната федерација за училишен спорт (ISF) и со повеќе натпревари во лига систем на сите нивоа (училишно, општинско, зонско, регионално и национално – државно).
– Вклучување во системот на натпревари во училишниот спорт на лица со телесен инвалидитет, како и ученици со пречки во развој од специјалните училишта.
– Да се регулира со Правилник приоритет за користење на училишните и други спортски објекти од страна на училишниот спорт преку училишните спортски клубови односно здруженија, кои се членки во Федерацијата на училишен спорт на Македонија.
– Континуирана обука во училишниот спорт и воведување на лиценци.
– Создавање на информациски систем за следење на физи чкиот развој, моторичките и функционалните способности на учениците.
– Вработување тренери во училиштата.
Ми се допаѓа тоа што има иницијатива за вработување на наставници по физичко и здравствено образование во ооделенска настава затоа што потребата е огромна бидејќи со оваа проблематика работам веќе 7 ма година на волонтерска база,а исто така добро е и тоа што има иницијатива за вработување на тренери во училиштата кои ќе бидат задолжени за тренирање на училишните екипи по сите спортови или одреден спорт како што е во западно европските земји.
Меѓутоа за овие две работи треба мислам најмногу да се притиска и лобира до одредените структури да мозиме и ние невработените да си најдеме место за работа и да се докажуваме во полето на спортот. Поздрав од колегата Дарко Цеков,Кавадарци