Home / СУС Велес / Планинарска тура Богомила – Папрадиште

Планинарска тура Богомила – Папрадиште

pap6Во  организација на наставниците по спорт и спортски активности  во периодот од 30.11 и 1.12.2013 год. (сабота-недела)  се организираше  планинарска тура на релација Богомила – Папрадиште. На оваа тура учество  земаа 34 ученици од ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес и шест наставници од  училиштето  и тоа: Леонид Таневски, Златко Здравковски, Ангелче Гушев, Марјан Малинов, Борче Стојанов и Горан Богоевски.  Учесниците на оваа тура беа сместени во планинарскиот дом “Папрадиште“.  Покрај планинарската тура во саботата на 30.11.2013 год. се организираше кратка  тура кон месноста Куратица, а додека во вечерните часови за сите учесници беше организирана  видео презентација на два филма со планинарска тематика. Додека во неделата на 1.12.2013 год.  се организираше прошетка кон месноста Марково стопало и посета на прекрасната црква Св. Петар и Павле.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*