Петнаесет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ -Велес заедно со членовите на Вардарска регата “Гемиџии“ – Велес, преставниците на подмладокот на Црвениот крст од Велес и КУД “Керамичар“ во периодот од 21-23 август 2015 год. како преставници на Општина Велес , а на покана на градскиот сојуз на извидници од Шабац и извидничко – пореченскиот одред “Савски чивијаши“ зема учество на Савската регата Шабац – Прово “Завеслај више 2015“. Во рамките на оваа регата Шабац – Прово се изврши и збратимување на Вардарската регата “Гемиџии“ со Савската регата Шабац – Прово т.н. “Завеслај више“.
Повелбата на збратимување беше потпишана од страна на Себо Шаќиров како претседател на Вардарската регата и Веља Милошевиќ како претседател на Градскиот сојуз на извидници на Шабац како носители на оваа регата. Пловидбата на оваа регата беше во должина од 25 км на релација Шабац – село Прово и тоа по течениоето на река Сава.
На оваа Савска регата учество земаа повеќе од 200 учесници на повеќе од 20 пловни објекти (дрвени и гумени моторни чамци, катамарани и друг вид на речни пловила). Во рамките на програмските активности треба да нагласиме дека и преставниците на Општина Велес го освоија и второо место во подготовка на “рибља чорба – рибљи котлич“, а воедно и се воспоставија многу контаки со регати од Србија, Босна и Херцегови и Црна гора. Како преставници на Вардарската регата со ова збратимување и остварените контакти со регатите од поранешните ЈУ републики сакаме да ја подигнеме Вардарската регата на Балканско ниво.
Home / Престој во природа / Логорување во природа / Ново искуство на велешките извидници – Савска регата