Home / Методика на ФЗО / Личен тренер

Личен тренер

licenПоимот личен тренер може да се дефинира како: стручна и квалификувана личност која е  способна  да комплетира  и спроведува индивидуално дизајнирана програма за вежбање , врз основа на потребите и целите на секој клиент. Личниот  тренер е лице кое ви го  планира својот тренинг, ве прати за време на вашиот тренингот , ве придружува, ги следи вашите грешки и ве предупредува на истите , тој ве охрабрува и мотивира при вежбањет. Личниот тренер ве води низ целиот систем на тренинг  од почеток  до  својот максимум  и редовно ја проектира вашата  обука. Како што телото се прилагодува  на оптоварувањата  предизвикани од тренингот тој понатаму ви  одредува  различни форми и видови на тренинг. Разликуваме повеќе видови на тренери и тоа: индивидуални тренер (работи со клиентот  1 : 1, тренерот демонстрира, следи, ревидира  и ја спроведува  програмата  за вежбање ), спаринг партнери (вежба заедно со клиентот ,  ги мотивира и охрабрува клиентот) , фитнес консултант  (консултација со клиентот и врз основа на собраните  информациите од него , ја проектира  програма за вежбање, која потоа  клиентот сам ја спроведува, а консултантот (тренерот)  само ги наплака консултантските услуги). Тренер како одговорно лице, треба  клиентот да го  запознае  и со некои контраиндикации од  вежбањето, затоа што корисникот самиот за време на вежбањето  може да се стекне со  мала неудобност,  замор и болка , која може да биде причина и за некоја повреда.

проф. Ангелче Гушев

One comment

  1. златко ончевски

    здраво почитувани,
    голем поздрав и честитки за корисните и едукативни статии во врска со децата и младите.
    можеме да видиме како е во некои други европски држави а не си ги знаеме состојбите кај нас, или пак, се знаат а малку се превзема да се променат.
    јас сум пингпонгарски тренер во ОО Х.Т.Карпош и работам со 20-на деца на волонтерска основа без финасиски надомест, баш напротив вложувам од себе и пари и време, тоа е мој придонес и желба, но каде се другите фактори во државата, да не ги набројувам, или пак сите се во потрага на лесна и голема заработувачка на терет на младите (читај родителите).
    ако имате материјали од областа на пинг-понгот во делот на физичка подготвеност, Ве молам пратете ми или ме упатите на адреса.
    поздрав и се слушаме,
    Златко

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*