Home / Методика на ФЗО / Интеракцијата на наставникот по физичко воспитување

Интеракцијата на наставникот по физичко воспитување

 fizicko1За да еден наставник квалитетно ја реализира наставата по физичко и здравстевено образование/спорт и спортски активности  треба да се движи и да ги опфати следните  области и принципи кои треба да ги следат како професионалците како дел од  оние кои ја креираат политиката во  образованието со цел за учениците  и нивните семејства да им се обезбеди квалитетно образование.

Наставникот треба да обезбеди:
– интеракција меѓу него  и учениците
-учество на заедницата во образовниот процес (училиште, локална заедница)
-инклузија, почитување на разликите и на вредностите на демократијата
– проценка  и планирање
– користење стратегии и ново спортски техники и технологии на подучување и тернинг
– создавње и креирање средина за учење, обука и тренинг (услови во спортска сала)
– професионален личен развој
При реализирањето на наставата по физичко и здравствено образование/спорт и спортски активности   наставникот треба да  остварува пријателска интеракција со учениците  и да се однесува кон нив со почит, што придонесува за развој на претставата за себе си кај секој ученик  и за подобрување на учењето на кинезиолошките дејности. Во наставата интеракциите на наставникот треба да се срдечни и полни со грижливост со што се изразува почитта кон учениците и уживањето во работата со нив. Потоа интеракциите на наставникот и неговите очекувања од учениците треба да  се во согласност со развојот и учењето на учениците. Наставникот  во текот на часот  често стапува во интеракција со секое дете одделно, помагајќи му да стане посигурно и стимулирајќи го неговото учење и моторички развој. Интеракциите на наставникот треба да  се во согласност со емотивните, социјалните, физичките и когнитивните потреби и способности на детето. Наставникот  им дава на учениците  можност да направат моторички избор на движења кој ќе биде согледан и почитуван од другите. Интеракциите на наставникот  ја поттикнуваат иницијативноста, автономноста, самосталноста и потребата за лидерство на учениците во рамките на спортската екипа или класната заедница.
Квалитетната  и со високо ниво интеракција  на наставникот придонесуваат за развој на спортот и спортските активности на заедницата за учење на која секој ученик  дете има чувство дека и припаѓа и дека има потполна подршка да ги оствари сите свои потенцијали.
Наставникот по физичко и здравствено образование/спорт и спортски активности  помагајќи им на учениците  да стапат во меѓусебна интеракција, тој  го поттикнува нивниот социјален развој, преку взаемно разбирање и поддршка и развивање на чувството на припадност кон заедницата што им помага на учениците  да ги достигнат развојните и воспитно-образовните цели.
Наставникот по физичко и здравствено образование/спорт и спортски активности   подготвува активности за учениците преку кои тие треба да научат како да ги разликуваат чувствата, да ги препознаваат кај себе и кај своите другарчиња и да можат слободно да зборувараат за нив. Наставникот по физичко и здравствено образование/спорт и спортски активности   ги негува демократските вредности така што секој ученик  е поттикнат  да ги изрази своите кинезиолошки  движења  на начин соодветен за неговата возраст и да учествува во нивното усвојување и усовршување. Наставникот по физичко и здравствено образование/спорт и спортски активности   остварува осмислена и двонасочна интеракцја со возрасните за да го овозможимоторичкиот  развојот и учењето на учениците . Во релациите со семејствата, другите колеги и со членовите на заедницата. Наставникот по физичко и здравствено образование/спорт и спортски активности   се залага за социјална интеракција која се базира на почит и претставува пример за таков вид интеракција. Наставникот по физичко и здравствено образование/спорт и спортски активности   соработува со други стручни лица од училиштето и заедницата со цел да го подобри моторичкиот развој  и учење  на  учениците.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*