Home / Престој во природа / Логорување во природа / Извидниците учесници на “Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

Извидниците учесници на “Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

zname2Педесетина извидници  на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес , опфанати во четири патроли, заедно со своите водачи на патроли   земаа учество на еколошката акцијата “Ден на дрвото – засади ја својата иднина 2014“ која се реализираше под мотото “Стоп на катастрофите“ . Акцијата се реализираше на на локација м.в. Пуплин (Езеро Младост) и истата се изведе на површина од 5 хектари. Со учеството на нашите извидници  на оваа акција се придонесе  кон создавање на здрава и чиста животна средина за сегашните и идните генерации. Предходно на покана на Министерството за одбрана и покровителство на здружението “Ден на Дрвото“ и Општина Чашка, а во присуство на Воените Аташеа на странски држави во Република Македонија и претставници на Сојуз на извидници на Македонија и петмина извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес ,  на 22.11.2014 год.  во близина на Папрадиште Општина Чашка учествуваа на почетокот на годинешната есенска акција „Ден на дрвото засади ја својата иднина“ . Во ова живописно место стотина садници засадија преставниците на военото аташе во Македонија, министерот за одбрана Зоран Јолевски,  градоначалникот Горанчо Пановски,Началникот на ГШ на АРМ Горанчо Котски, пратеникот Илија Димовски, членовите на Сојуз на извидници на Македонија, мештаните  и љубители на природата.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*