Home / Престој во природа / Ориентација во природа / Извидниците вклучени во акцијата “Ден на дрвото“

Извидниците вклучени во акцијата “Ден на дрвото“

dennadrvo2Во организација на Министерството за одбрана и покровителство на здружението “Ден на Дрвото“ и Општина Чашка, а во присуство на Воените Аташеа на странски држави во Република Македонија и претставници на Сојуз на извидници на Македонија , денес на 22.11.2014 год. (саабота)  во близина на Папрадиште Општина Чашка започна годинешната есенска акција „Ден на дрвото засади ја својата иднина“ . Во ова живописно место стотина садници засадија преставниците на военото аташе во Македонија, министерот за одбрана Зоран Јолевски,  градоначалникот Горанчо Пановски,Началникот на ГШ на АРМ Горанчо Котски, пратеникот Илија Димовски, членовите на Сојуз на извидници на Македонија, мештаните  и љубители на природата. Мотото на годинешната акција е „Стоп за катастрофите“. На денешната акција се вршеше пошумување со зимзелени дрва, беа Засадени  околу 100 садници на површина од околу 1 ха во месноста ,,Анастасова ливада,,
Првата акција Ден на дрвото се одржа во 2008 година или само една по годината во која Македонија како резултата на огромен број нан пожари загуби значителен дел од шумскиот фонд. Седум години потоа  резултатите се видливи.
Организаторите објавија дека во наредната недела   граѓаните  заеднички на површина од 1.107 хектари  ќе засадат 4,5 милиони садници.
„Ова е една многу благородна акција каде ја засадуваме иднината и се грижиме нашата татковина да биде убава и да се заштитиме истот така од климата.Шумите се многу значајни за иднината на македонија“, рече Зоран Јолевски, министер за одбрана.
„Човек треба да инвестира во природата, време е да се свртиме кон неа. Кај нас стеблото е знак на мир и спокој  во нашите земји и семејства. Посакувам Македонија да го најде својот спокој“, рече Ивица Матешиќ, аташе од Хрватска.
„ Ако денот се познава по утрото, тогаш се надевам дека  акцијата  оваа година ќе биде најуспешна, баш затоа што ние сме среќлии и почнува од кај нас“, рече Горанчо Пановски, градоначалник на општина Чашка.
Во рамките на делагацијата на Сојуз на извидници на Македонија покрај Старешината на Сојузот, Огнен Стефановски  имаше преставници од ИО “Браќа Миладиновци“, ИПО “Јадран“ и ИПО “Галеб“ сите од Скопје  и пет члена од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*