Home / Индивидуални спортови / Зумбата – како форма на спортска рекреација

Зумбата – како форма на спортска рекреација

zumba_malaПреку заумба-фитнес програмата која што припаѓа во рекреативите активности во ова време на современо живеење ќе успеете да го раздвижите своето тело. Потоа самите активности од зумбата ќе предизвикаат тонирање на вашите мускули и ќе влијаете на намалувањето на крвниот притисок. Оваа активност е еден вид на кардиот тренинг преку кои ги намалувате и согорувате калориите и се ослободувате од секојдневниот стрес, а воедно ја зголемувате вашата телесна кондиција. Зумбата е финтес-програма, која вклучува аеробни и танцови движења во ритамот на салса, хип-хоп, мамбо, регетон и други музички стилови. Во продолжение, погледнете кои се нејзините најголеми здравствени придобивки, кои уште веднаш ќе ве натераат да одите на часови по зумба. Една од најголемите придобивки на зумбата е тоа што се раздвижува целото тело. Наместо фокусирање на одреден дел од телото, зумбата ве тера постојано да се движите, да бидете живи и да уживате во ритамот. Зумбата помага и при тонирањето на мускулите на целото тело без да почувствувате голема мака. И штом ова го забележите, желбата за зумба дотолку ќе ви се зголеми. Со правилен начин на исхрана и вежбање зумба, крвниот притисок со сигурност се намалува. Ова е многу важна придобивка, особено за оние кои имаат проблеми со високиот крвен притисок. Од појавувањето на зумбата во 90-те години, многу научни студии ја потврдуваат нејзината ефикасност во согорување на калориите. Се смета дека во просек, со еден час вежбање зумба, се согоруваат околу 400 калории. Примамливо, зар не? Вежбањето, воопшто, влијае врз ослободување на стресот. Танцувањето, музиката и движењата во зумбата го прават целиот тој процес малку поинтересен. Зумба вежбите се и добар кардио тренинг. Доколку кардио тренингот обично ви е заморен и ви претставува проблем, најдобро е да одите на зумба и да ги почувствувате таквите придобивки уште веднаш. Можеби резултатите од зумбата нема веднаш да бидат видливи, но не грижете се. Комбинацијата на фитнес и танц движења, со сигурност ќе ве одржува во добра кондиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*