Уште старите Грци го увидуваат значењето на физичкото воспитание и настојуваат, со сите средства децата на робовладетелите да ги развијат во снажни и издржливи војници и добри управувачи. Се обрнува големо внимание на хармонскиот развиток на сите физички и психички способности на човекот. Таквиот однос кон физичкото воспутување ја разви големата љубов кон гимнастиката и игрите,со што добива и своја кулминација во Олимпијските игри. Хуманизмот и ренесансата повторно го поставува прашањето за хармониското развивање на човекот. Се наголемува и интересот за кинезиолошките активности . Поодделни педагози од оваа епоха ја истакнуваат и подвлекуваат и потребата за поголемо внимание на кинезиолошките активности на младото поколение.Мегу авторите кои се залагале се : Мор, Рабле, Кампанела, Коменскии др. Исто така и Џон Лок во своето дело „Мисли за воспитанието“ и дава големо значење на кинезиолошките активности и тој советува да се посвети големо внимание на јакнењето на здравјето и телесната конструкција, а посебно кај него има акцент на престојот на децата на чист воздух. Еден од калсиците на педагогиката Жан Жак Русо, во однос на кинезиолошките активности, вели дека „тоа треба да почне од самото раѓање“. Тоа, по него, не може да се оддели од умното е естетското воспитание. Врз база на овие и слични образложенија и мислења за кинезиолошките активности , од ден на ден, се повеќе се истиснува мислењето дека физичкиот развиток на младиот организам се одвива сам по себе, на основа на сопственото делување на истиот и дека за таа цел не е потребно никаво планско раководење. Во XVIII век, под влијание на идеите на Жан Жак Русо, во Германија се организираат специјални школи за кинезиолошки активности , кои подоцна се развиваат во целосен гимнастички систем. Истиот даде поттик во XIX век да се осниваат слични гимнастички системи во другите земји во Европа како на пример во Шведтска, Чехословачка и др. Работата на популаризирањето на кинезиолошките активности од страна на Јан, Линг, Тирш, Лесгафт, придонесе за потполно да се разбере важноста, значењето и потребата од кинезиолошките активности. Во однос на ова прашање треба да се има предвид дека „училиштето треба да ја развие кај децата, не само физичката снага, туку и вештината и способноста да може да се управува со неа“. Кинезиолошките активности треба да придонесат за максимален развој на сите функции и органи на организмот. Се ова придонесува за преземање на низа мерки кои овозможуваат по правилен физички развиток на младите луѓе. Но во овој период сеуште не беше доволно јасно разбрана суштината на кинезиолошките активности. Главно, сите тие настојувања беа насочени кон физичкото развивање, а не беше доволно уочено значењето на кинезиолошките активности за развиток и формирање на целокупната личност. Основачите на Марксизмот – ленинизмот, укажувајки дека психичкото и физичкото неразделно се поврзани дека е психичкиот живот „производ на специфичен начин организирана материја“ ( Ленин) ги ликвидира сите такви погрешни и не научни разбирања. Одовде произлегува тоа дека физичката структура е база на психичкиот живот и со преземање мерки за правилен физички развиток се овозможува, во голема мера и за правилниот развиток на сите психички функции. Маркс и Енгелс многу ја ценеа кинезиолошките активности и во општиот систем на воспитанието му обрнуваат сериозна грижа. Тие нагласуваат дека поимот воспитание содржи три компоненти : „Умно, физичко вопитание и политехничка настава“. Врз база на овие постапки на класиците на Марксизмот кинезиолошките активности добиваат многу важна улога во општиот систем на воспитанието. Преку правилното и системско спроведување на истото се овозможува правилното развивање и на психичките процеси и својства и придонесува за формирањето на правилен поглед на светот. Исто така правилното физичко воспитание овозможува и правилното оформување на моралниот лик на човекот. Поагајки од ова основата на значењето на кинезиолошките активности и неговата поврзаност со другите видови на воспитание за потполно формирање на младата личност, во последно време голем број педагози му обрнуваат многу сериозно внимание. Кинезиолошките активности првенстено треба да служат за унапредување на здравјето во најширока смисла на зборот. Но не се застанува тука, зашто кинезиолошките активности денес е сложен и многу сложен процес. Грижата за телото е само појдовна точка во отварувањето на крајната цел – сестрано развиена личност. Тоа во голема мера помага и на интелектуалното, морално и естетско оформување на човекот. Со тоа кинезиолошките активности си го заземаат правото место во системот на воспитанието воопшто. Тоа станува негов неразделен дел без кои нема потполно образование. И затоа во нашите училишта е составен дел од целокупната наставна активност. Само недоволно упатените луѓе, овде онде, уште можат да го подржуваат мислењето дека кинезиолошките активности се непотребно губење на време и снага. Дури и кај нас можат да се сретнат некои такви просветни работници што часот по фискултура не го искористуваат за неговата намена туку често пати за некакви други цели. Но таквите се од ден на ден се помалку и помалку. За да би можело кинезиолошките активности да ги оствари потполно своите задачи во нашето училиште како и надвор од него, потребно е сите фактори активно да учествуваат во неговото спроведување. Исто така при спроведувањето на истото треба да се води сметка и за психо – физичките можности на децата – учениците. Покрај тоа и формите за работа на кинезиолошките активности треба секогаш да имаат и воспитно – образовна вредност. Тоа треба да биде основнова при изборот како во училиштата исто така и во другите кинезиолошки организации.
проф. Ангелче Гушев