Македонскиот интернационалец, 20 – годишниот лев бек, велешанецот Дарко Димитриевски, по една и пол година помината во Катар, влегува во европскиот ракомет, кои во среда треба и официјално да потпише договор со шпанскиот прволигаш Пуерто Сагунто. Димитриевски, коj има настапувано за Борец, МРК Вардар, Вардар Про и Куманово од каде што замина во Катар, во тимот на Катар Спорт, во Шпанија, ќе потпише договор на четири месеци, до крајот на сезоната со прволигашот од Валенсија, Пуерто Сагунто. Младиот Дарко Димитриевски, по Кире Лазаров во Барселона ќе биде вториот наш интернационалец сезонава во АСОБАЛ – лигата.