Home / Колективни спортови / Влијанието на новите правила во ракометната игра

Влијанието на новите правила во ракометната игра

Правилата кои службено беа воведени на ЛОИ во Рио 2016 година, не влијаеја на промената на брзината на играта , а не влијаат ни врз атрактивноста и јачината на играта. Ако се набљудуваат голем број на сегменти видливо е дека игра дополнително се успори и се пасивизираше. Ова посебно се докажуава во текот на играта 7 на 6 и со правилото на 6 додавања во текот на пасивна игра (6 додавања понекогаш траат отколку цел напад). Игра 7 на 6 ја играат послабите и поинфериорни екипи, па ова правило не го прави ракометот атрактивен и модерен.
Сепак се отворија и тактички можности во играта со играч помалку кои кај добро тренираните екипи може да се анулира бројната предност на противникот па и кај нападот на длабоките зонски одбрани. Тој сегмент на игра треба да очекува напредок на ова СП во Франција 2017..
Видео судењето е интересен концепт кои веќе е виден во други спортови , но со значаен недостаток , во ракометното право на видео судење имаа само судиите и делегатите на ИХФ, наместо тренерите или официјалните лица на репрезентациите. Во целост новите правила воопшто не влијаат на атрактивноста на игра како и на можноста на судиска пристрасност во креирање на динамичка игра и резултат. Сегашните правила не се главен потик за креативност на тренерите и играчите. Воведувањата на ограничување на нападот е нужно и неминовно.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*