На 15.11.2013 год. (петок) Сојузот на училишен спорт „Илинден“ во соработка со Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Пинг-понг федерацијата на Македонија , во спортската сала „Гоце Делчев“ го организираа Државното првенство во пинг-понг за средни училишта. На државното првенство учествуваа 75 пингпонгари од 26 училишта во машка и женска конкуренција. Првенството го отвори градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, а сите присутни млади пинпонгари ги поздрави и претседателот на Федерацијата на училишен спорт проф. д-р Александар Туфекџиевски. Сојузот на училишен спорт на Велес беше преставен со 13 средношколци од Велес и тоа од ССОУ “Коле Неделковски“, СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ и СОУ “Јовче Тесличков“. Од ССОУ “Коле Неделковски“ учествуваа Филип Лазаревски, Георги Стоевски, Мартин Петровски и Марио Ивановски. Гимназијата беше преставена од Сандра Игнова, Димитар Наков, Борис Димитриевски, Дарко Мирчевски, Жарко Колев, Бобан Арсовски и Мартин Ристов , а Економското училиште од Трајче Стојанов и Виктор Тумбов. Најдобро пласиран од страна на велешките средношколци беше Мартин Петровски со освојување на осмото место. Водач на сите велешки учесници беше професорот по спорт и спортски активности, Ангелче Гушев.