Извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ -Велес заедно со членовите на Вардарска регата “Гемиџии“ – Велес и преставниците на подмладокот на Црвениот крст од Велес во периодот од 18-20 август 2017 год. како преставници на Општина Велес , а на покана на градскиот сојуз на извидници од Шабац и извидничко – пореченскиот одред “Савски чивијаши“ зема учество на Савската регата Јарак – Шабац “Завеслај више 2017“. Пловидбата на оваа регата беше во должина од 25 км на релација Јарак – Шабац и тоа по течението на река Сава. На оваа Савска регата учество земаа повеќе од 400 учесници на повеќе од 50 пловни објекти (дрвени и гумени моторни чамци, катамарани и друг вид на речни пловила). За големината на оваа манифестација треба да нагласиме дека главниот организатор на учеството на Савската регата Шабац 2017, м-р Ангелче Гушев имаше на 19.8.2017 год. (сабота) имаше директно вклучување во централните вести на Радио Телевизија србија и тоа директно од вода од реката Сава, кој во целост ја претстави велешката регата гемиџии и нејзиното учество на Савската регата. Од страна на организаторот на ова Савска регата Благодарници за учество добија: Град Велес, Градоначалник на Велес, Славчо Чадиев, Вардарската регата “Гемиџии“ и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес. Воедно треба да се нагласи деке се воспоставија многу контаки со регати од Србија, Босна и Херцегови и Црна гора со што сакаме да ја подигнеме нашата Вардарската регата на Балканско ниво.
м-р Ангелче Гушев