Home / Исхрана на спортистите / Африканска рогата краставица – КИВАНО

Африканска рогата краставица – КИВАНО

kivano1Киваното се конзумира како свежо овошје или освежителен пијалок.Во комбинација со друго овошје или сок , создава вкусни и егзотични пијалоци и коктели . Одличен е за десерт , во комбинација со овошни торти , сладолед , пудинг , и разни кремови и додатоци . Исто така поради неговиот атрактивен изглед може да се користи неговата кора за декорации и како специфични бодликави чашки за коктели . Најлесен начин да се конзумира е да се исече на две половини и со помош на лажича да се одвои од корупката – по Ваша желба би можело да ги отстраните и семките со помош на цедалка , иако истите се конзумираат и се исклучително здрави . Може да се користи и како замена за оцет во преливи за салата . По вкус се согласува и со солена храна , како сирење , краставици и домати . На социјалните мрежи можете да најдете безброј информации околу киваното , составот , здравствените придобивки и рецепти за истото , но ние одвоивме неколку рецепти од нашата кујна , кои се надеваме дека ќе Ви се допаднат . Ова е ново и навидум чудо егзотично овошје , но пробајте го егзотичниот вкус и уживајте во благодетите што ви ги нуди овој плод . Почуствувајте ја енергијата и бидете здрави …

ЈАДЕТЕ КИВАНО

KИВАНО , БАНАНА И АНАНАС КРЕМ
Состојки:
2 банани, замрзнати
1 чаша парчиња од ананас , замрзнати
сок од едно кивано
2 лажици агава нектар или друг засладувач
инструкции
Ставете го замрзнатото овошје во блендер и оставете да се одмрзне за околу 10 минути. Се меша агава нектарот или засладувачот со сокот од кивано . Стартувајте го блендерот и исечкајте го овошјето темелно. Додадете го сокот од кивано и добро измешајте го , додека не се изедначи и не стане кремаст . Послужете веднаш во кората од киваното или во мали чинии . Порции 2-3.
Време на подготовка : 10 минути

СОК ОД КИВАНО

Состојки :
4 кивано
1 лимон или 2 лимети
Шеќер по желба
400 мл.минерална или обична вода
Подготовка:
Исечете го киваното на пола и со лажица извадете го месото . Ставете го во блендер и извадете ги семките . Додадете сок од лимон , шеќер и ладна вода . Ставете го во ладилник да се олади , и по желба додадете коцки мраз . Извадете го после половина час и уживајте во егзотичниот и специфичен вкус на киваното .

КРЕМ ОД КИВАНО

Состојки :
1 кивано
1 чаша јогурт
1 лажица мед
2 големи лажици сладолед од ванила
Подготовка : Измешајте го киваното со блендер , потоа додадете ги другите состојки и измешајте се заедно додека не добиете густ крем .

ЕКСКЛУЗИВЕН КОКТЕЛ ЗА ПОСЕБНИ ПРИГОДИ

Состојки:
1 кивано
2 киви , излупени и исецкани грубо
4 лажици водка
2 чаши искршен мраз
Подготовка: Исечете го киваното на две половини и ставете ги во блендер . Додајте ги останатите состојки и мешајте со голема брзина додека не се изедначи . Истурете го пијалокот во двете половинки од кората . Гарнирајте со парче кивано .

ЕДИНСТВЕНАТА – Kивано Маргарита

Чудно овошје е киваното нешто како помеѓу портокал , киви и краставица .
состојки:
1 мл текила
1/2 мл Гранд Marnier
1/2 лимон
инструкции:
Исечете го на половина и истискајте ги сите семиња во блендер.
Додадете :
1 мл текила
1/2 мл Гранд Marnier
1/2 лимон
Семињата на киваното се за јадење , но можете доколу сакате да ги исцедите преку цедилка , користејќи го грбот на лажицата .
Послужете со или без мраз. Време на подготовка : 5 мин

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*