Home / Престој во природа / Логорување во природа / XXIX Средби на извидници “Велес 2015“ – во знак на Денот на државноста

XXIX Средби на извидници “Велес 2015“ – во знак на Денот на државноста

sredbi1Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од  Велес по дваесет и девети  пат ги организираше   традиционални средби на извидници. Средбите се одржаа во периодот од 4 до 6 септември 2015 год.  на потегот село Голозинци – село Еловец – село Чашка – село Голозинци и тоа по повод  8 септември – Денот на државноста на Реупублика Македонија.  Извидниците се натпреваруваа во областа на  топографија и ориентацијата во непознат  терен, сигнализација,  прва помош,  исхрана во природа. Овие Средби се дел од годишната програма  за работа на  извиднички одред “Димитар Влахов“ за 2015 год. На средбите учество  земаа  седумдесетина  извидници од Република Македонија  и тоа од Скопје, Прилеп и Велес, а како учесници на средбите  учество земаа и питомците од Воената академија “Генерал Михајло Апостолски“. Средби  се организираа  со финасиска поддршка од Општина  Велес. Во рамките на натпреварувачкиот дел прва  беше патролата на  Воената академија “Генерал Михајло Апостолски“, втори беа извидниците од ИПО “Јадран“ од Скопје,  а трети  извидниците од извидничкиот одред “Феникс“  од Прилеп.  За учесниците на 29те Средби на извидници во рамките на програмските активности беше органирана и жива свирка на бендот “Директ“од Велес,  а воедно беше организирана и средба на генерации со постарите извидници ветерани на одредот.sredbi3 (2) На оваа средба  беа договорени активностите за Средбите  на извидницици – Велес 2016 година кога ќе се прославуваат триесетите јубилејни средби на извидници  на кои учество треба да земат извиднички патроли од поранешните ЈУ република и тоа градовите:  Шоштањ, Бања Лука, Загреб, Самобор, Коњиц, Нови Бечеј, Ниш, Белград, Бар, Подгорица. Овие градови се градови со кои нашиот одред во изминатите 65 години активно соработувал, а нивните извидници редовно биле присутни на Средбите на извидници организирани од страна на нашиот одред.
Со учеството на питомците од Воената академија “Генерал Михајло Апостолски“ и учството на  Воената полиција  при Генераштабот на АРМ на Вардарската регата “Гемиџии“ како наши гости  сакаме да ја истакнеме и потврдиме добрата соработка со Министерството за одбрана и  Армијата на Република Македонија.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*