Во рамките на фудбалската игра, доста клучен елемент се ударите со глава. Постојат повеќе варијанти на удари. Ќе разгледаме неколку…
Удар на топка со глава од место. Овој удар се изведува кога топката е во висина на главата или нешто подоле, а тоа значи дека играчот претходно не прави одраз или скок за да се дојде до судир со неа. Најчесто се применува при директни удари на гол, како завршница на организиран напад, при избивање, исфрлање на полувисоки топки од својот шеснаесетник во фаза на одбрана и при каратко додавање на поблиски растојанија. Карактеристично за овој удар е тоа што играчот со нозете се наоѓа во припремен дијагонален став во однос на топката и правецот на ударот, со благо свиткани нозе во колената. Телото е свртено кон правецот на местото на удирање, рацете благо свиткани во лактовите. Пред моментот на ударот телото и главата се враќаат наназад во засук, а тежиштето се пренесува на ногата што заостанува наназад од дијагоналниот став. Во моментот на ударот телото и главата се движат нанапред кон правецот од каде што доаѓа топката, а тежиштето се префрлува на предната нога од дијагоналниот став. На топката се делува со предниот челен дел од главата.
Удар на топка со глава од движење и скок. Овој удар се применува кога топката е со повисока амплидуда на движењеи на поголема далечина од играчот кој го реализира ударот. Овој удар со глава се применува при центаршутеви пред противничкиот гол, кога сакаме да упатиме директен удар кон голот и кога во сопствениот шестнаесетник противничката екипа дејствува со нафрлени високи топки пред голот. Овој удар има четири фази и тоа: залет, одраз, лет и доскок. Ударот врз топката се врши во фазата на летот. Ако залетот и одразот не се правовремено усогласени или немаме добра проценка за летот и брзината на движењето на топката ударот може да биде неуспешен, затоа што телото и главата може да каснат или да бидат побрзи во однос на топката, а со тоа ќе се случи промашување или ќе имаме непрецизен и неконтролиран удар. Кога топката се движи високо над глава, во непосредна близина на играчот и кога нема потреба од поголем залет, одразот е суножен со двете нозе. Додека пак ако топката од поголемо растојание од играчот, тогаш е потребно да се направат повеќе чекори кон топката и одразот се изведува со една нога. Ударот на топката треба да биде на највисоката точка на фазата на летот. Во фазата на летот играчот прави засук на телото и главата назад и со брзо и енергично движење напред кон топката со челниот дел од главата се реализира ударот. Замашната нога при одразот со една нога се подига горе , во висина нешто подоле од карличниот дел и свиткана во зголобот на коленото.. Рацете се назад и се движат нанапред и го помагаат одразот, а во моментот на лет, засукот на телото и ударот на топката, рацете се подигнуваат горе во висина на рамената. Рацете ја контролираат и рамнотежата и преставуваат одбрана во услови на дуел во воздух. Доскотот може да биде едноножен и суножен, но секогаш на предниот дел на стопалото и прстите.
Удар на топка со глава во паѓање. Ова е доста атрактивен удар со глава, но сепак се применува во принудени ситуации. Ова движење е ниско и брзо, а најчесто во ситуација при остри и ниски центаршутеви на прва прва статива пред противничкиот гол во организираниот напад и во одбрамбени задачи при избивање на ниски топки во сопствениот шестнаесетник. И овој удар има четири фази: залет, одраз, лет и доскок. Залетот може да се изведе со еден, два или три чекори со постепено наведнување на телото нанапред. Одразот може да биде едноножен и суножен. После одразот телото се наоѓа во фаза на лет, односно се движи се движи кон местото на ударот со топката во воздух, ниско над подлогата. Во оваа фаза се изведува ударот со челниот дел од главата врз топката, одноисно се пресретнуваат. После ударот на топката по инерција телото продолжува да се движи во лет во воздух, со постепено спуштање на подлогата прво на раце, па на останатите делови на телото во лежечка положба.
Методика на обука:
– жонглирање со глава во место и во движење
– удар со глава од место кон соиграч со потфрлање на топка пред себе
– удар со глава на постаевена топка на јаже врзана на греда
– наизменично потфрлање на топка и изведба на удар со глава помеѓу два играчи
– удар на топка со глава од ѕид без топката да падне
– меѓусебно додавање на топка на глава без таа да падне
– удар на топка со глава во скок со предходно високо потфрлање на топка од друг соиграч
– удар со глава во скок на постаевена топка на јаже врзана на греда
– удар со глава во гол, на високи топки потфрлени од соученик позади гол
– удар со глава во паѓање на ниско потфрлени топки од страна на соученик
– удар со глава во паѓање директно на гол, после предходно ниско потфрлање на топка од страна на соученик
проф. Ангелче Гушев