Стој на раце

Стоењето на раце е симетрична вежба. Поради невообичаената положба на телото во просторот, одржувањето на статичка рамнотежа е отежнато. Особено во неповолна положба се наогаат вестубуларниот апарат. Оваа положба ја намалува циркулацијата на крвта и можноста за подолго стоење на раце. Тежината на телото се наога релативно  над точката на допирање , а допирната површина е релативно мала во сагиталната рамнина. За да се задржи сотењето на раце, рацете треба да се испружени во зглобот на лактовите, дланките да се поставени паралелно, прстите да се малку раширени, телото да е испружено и затегнато и поставено вертикално во однос на рацете, главата да е подадена наназад и тоа во продолжение на рбетникот.

Методика на обучување стоење на раце

-Завземање на положба  стоење на раце со помош на совежбачи  од положба на потпирање со раце лежечки со подигање на телото.  

–  Од положба на попирање лежечки зад раце подигање на нозете во стоење на раце покрај ѕид

-Завземање положба  стоење на раце со замавнување на рацете и едната нога со асистенција на друг вежбач

-Самостојно завземање на положба стоење на раце со замавнување на нозете и рацете

– Самостојно завземање на положба стоење на раце и со со помош на совежбачи  од положба на стој на раце и преминување во колут.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*