Поздрав на сонцето

Според традицијата, поздравот на сонцето се работи во зори, свртени со лице кон изгрејсонцето. “Surya Namaskar“ има12 положби кои се реализираат во непрекинато следствено движење. Секоја позиција е природна и продолжение на предходната, истегнувајки го телото на различни начини со ритмичко свесно дишење.

 

Позиција 1. Стоиме исправени, ставе спетен каде што телесната тежина рамномерно по целата површина на нозете. Телото е исправено, рбетот, во правилна позиција. Градите и градниот кош во една линија. Рацете споени пред себе како при изведба на молитва. Во оваа положба целосно издишуваме. Очите затворени , телото смирено, развој на чуство за пријателство помегу сите.

Резултат: вежбање за правилно држење на целото тело, ослободување на градите за длабоко дишење, концентрација.

*****************************************************

Позиција 2. Длабоко вдишуваме, полека ги подигнуваме нашите раце над главата, рацете и прстите сеуште се споени заедно, формирајки лак. Го повлекуваме целото тело по должина. Погледот е усмерен напред .

Резултат: појава на експанзија (ширење) на градите, релаксација и флексибилност на ‘рбетот.

*****************************************************

Позиција 3. Издишување и спуштање на рацете пред себе скоро до подот (длабок претклон). Дланките ви се на подот до стопалата, а глвата ви ги допира колената. До колку не можете со рацете да го допрете тлото бес свиткани колена , можете лесно да ги свиткате колената. Обидете се сето ова да го постигнете без употреба на сила, за да постигнеме свивање на целиот рбетен столб, градите, рацете, вратот и лицето.

Резултат: протегање на мускулите на нозете, релаксација и развој на флексибилност на ‘рбетот

*****************************************************

Позиција 4. Од предходната позиција длабоко издишуваме, се спуштаме и ја пружаме десната нога кон назад, додека пак дланките се поставени во ширина на рамениците. Левата нога е свиткана во коленото и се наога под градниот кош. Го усмеруваме погледот повеке кон горе. Телото ни е поставено во позиција на “богомолка“

Резултати: зголемена  мобилност на лумбалниот регион, која се протега и продолжување на мускулите на нозете, зајакнување на мускулите на грбот.

*****************************************************

Позиција 5. Длабоко издишување, се подигаме во лак до позиција на склек  без движење на рацете. Нозете на прстите и дланките задолжително се на тлото. Се наогате во рамна позиција со тлото.

Резултати: зајакнување на мускулите, зголемување на снабдувањето со крв во главата, подобрување на карактерот

*****************************************************

Позиција 6. Го спуштаме целотот тело на тлото.Дланките сеуште се во ширина на рацете свиени во лактите. Тлото нека ви допират само осум делови од телото: стопалата, колениците, шаките, градите и челото. Во оваа положба задржете се неколку секунди, па преминете во наредната положба. Телото ни е во форма на “гуштер“. Телото се протега во права  линија и од вратот кон рбетот имаме продолжена оска. Имаме лесно дишење.

Резултати: зајакнување на стомачните мускули и помош за добро држење на телото.

*****************************************************

Позиција 7. Од предходната позиција полека издишувајки, дозволуваме од карлицата да се подигне главата, заедно со целото торзо, одбивајки се со рацете  полека од  тлото во положба на “кобра“. Лактите нека бидат до телото, а колковите нека останат на тлото.  Позицијта успешно се контролира со синхроно пренесување на сите движења на торзото.

Резултати: зацврстување на мускулатурата на рацете, за проширување на пекторални мускули, ослободување на белите дробови, ослободување на абдоминалната празнина и карличната области.

*****************************************************

Позиција 8. Издишувајки повторно се враќаме во лежечка положба од која што пак ја подигнуваме карлицата од тлото и со телото ја формираме обратно свртена латичната буква “V“.

Резултати: зајакнување на грбни мускули и вратна, релаксација и флексибилноста на рбетот, зајакнување на абдоминалната и градна мускулатура.

*****************************************************

Позиција 9. Вдишуваме и се враќаме во позиција 4. , само сега левата нога е испружена кон назад, а десната нога е свиткана во коленото и се наога под градниот кош.

Резултати: зголемена  мобилност на лумбалниот регион, која се протега и продолжување на мускулите на нозете, зајакнување на мускулите на грбот.

*****************************************************

Позиција 10. Се подигаме со издишување но и понатму ги држиме дланките на подот како во позицијата 3.

Резултат: протегање на мускулите на нозете, релаксација и развој на флексибилност на ‘рбетот

*****************************************************

Позиција 11. Длабоко вдишувате додека рацете ги движите кон горе и ги истегнувате преку главата и со тоа формирате лак. Колковите ги движите кон напред, а главата се движи наназад

*****************************************************

Позиција 12. Издишуваме и се враќаме во почетна положба на молитвата.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*