Медитеранска салата

Оваа салата која ја предлагаме е ниско калорична и може да се јаде без оптеретување. За  овој вид на салата  ни е потребно 200 гр. сирење, 80 гр. краставица, 30 гр. маслинки, 300 гр. ситни интегрални макарони. Покрај ова потребно ни е и малку сол, малку црн пипер, 200 мл.  оцет, 2 лажици маслиново масло, малку магдонос и босилок, 2 чешлиња лук, 200 гр. домати и 300 гр. свинско месо.

Начин на подготовка:

1) Ставете ги тестенините да се варат, но не заборавајте во водата  да се стави малку сол. Штом се сварат, задолжително измијте ги  со ладна вода за да не се распаднат и процедете ги.

2) Свинското месо исечете го на лентии ставете го малку на скара. Не зачинувајте гопремногу и исецкајте го на коцки.

3) Во длабок сад за салата ставете ги сите состојки, исецканото месо, краставицата, тестенините, маслинките, доматите и сирењето.

4) Посебно во шолја, измешајте неколку лажици маслиново масло со оцет, лук, сол, црн пипер, босилок. Полијте ја салатата и убаво промешајте.

Неопходно е да салатата да отстои барем половина час за убаво да се олади и плус намирниците да ги пиштат своите сокови. Ако не сте љубители на свинско месо, ставете пилешко. Оваа салата која е за шест лица се подготвува за 30 минути и има 184 kcal/по порција и  содржи 5 % витамин А, 14 % витамин С, 7 % калциум, 7 % железо, 6,7 гр. протеини.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*