Драги спортисти, пред самиот почеток на тренажниот процес многу е значајно да хранливите материи што помалку се задржуваат во дигестивниот тракт. Најважните работи при варењето на храната во органите е храната да не се задржува долго време во стомакот, цревата да се празнат редовно и лесно (без напор) и храната да се изџвакува темелно. А со тоа ке се сворат идеални услови за физичко напрегање без тегоби во стомакот и целокупниот организам
Може да се каже дека скоро сите ние ги знаме овие неколку основни работи. Дел од нив ни ги збореле бабите, родителите, а дел од нив сме ги научиле со текот на времето. Но, нешто што поретко луѓето го знаат е кои типови на храна се пријатели на стомакот а кои се негови непријатели.
Ќе започнеме со храната која е богата со природни влакна.
Природните влакна се изградени од целулоза и уште некои материи кои стомакот неможе да ги вари, па затоа и представуваат уреден и добар регулатор на столицата (не го оптеретуваат). Тие влакнести материи најмногу ги има во меките житарки, најмногу во црното брашно, во лешниците (нелупени), помалку во полубелиот леб, а ги нема во белиот леб. Целулоза, во поголеми количини има и во некои зеленчуци и овошја.Такви се: грав, грашак, соја, боранија, краставица, цвекло, кељ, лешник, смоква, грозје, малина, капини, домати, моркови, рибизли.
Свежата храна: Во овошјето и зеленчукот, невареното млеко како и други типови храна кои може да се јадат свежи без варење или загревање, се наоѓаат драгоцени материи (ферменти) кои се битни за доброто варење на храната. Луѓето што се разбираат во исхраната секогаш јадат голема свежа салата пред ручекот.
Ферментирана храна: Јогуртот, киселото млеко или кефирот се најдобар начин да се прочистат цревата и се многу корисни при одржување на корисната микро-флора во органите за варење.
Храната која го регулира варењето: Компотите од сувите сливи, сувите смокви, јаболки или тиквата, потоа печен компир, лук или кромид, диња, праска, дудинка, црно грозје, кисела зелка, маслинов зејтин, зелена салата. Овие хрансливи производи помагаат за забрзување на варењето на храната.
Лековити билки кои се најдобриот пријател на стомакот: нане, бел слез, мајчина душица, камилица и др.
Добрата состојба на стомакот е основа за здравјето. Тоа е првиот услов за убавина, свеж изглед, витка линија и добра форма. Од состојбата на стомакот зависи и затегнатоста на кожата, ведрото расположение како и физичката кондиција која му е неопходна на човекот.
проф. Ангелче Гушев