Вилијам Г. Морган (1870-1942), роден во државата Њу Јорк, останал запишан во историјата како создавач на одбојката.Морган дипломирал на колеџот Спрингфилд каде што се запознал со Џејмс Наисмит, којшто во 1891. година ја измислил кошарката. Една година по дипломирањето, отишол во Холиоки, Масачусетс, каде што добива место директор за физичко воспитување. Тоа место му овозможило директно влијание на вежбите за рекреација, т.е. развојот на спортот. Неговото водство било одлично прифатено и неговите одделенија секојдневно се зголемувале. Сфатил дека би било добро да измисли некоја игра за рекреација со натпреварувачки карактер со што би ја направил збогатил својата програма уште повеќе и би ја направил поразновидна. Кошарката му се чинела како добар избор, но само за помладите ученици, бидејќи за оние постарите му требала некоја помалку насилна. Во тоа време, Морган никако не можел да најде игра слична на одбојката, па ја создал од своите посебни методи на тренирање и рекреација. Опишувајќи ги своите први експерименти, Морган рекол: “Во потрага по соодветна игра, прво тенисот ми падна на памет, ама за него ни се потребни топчиња, рекети, мрежа и друга опрема, па се откажав, но идејата за мрежа ми чинеше погодна. Подигнавме мрежа на висина од 1,98 m, над главата на еден просечен маж. Ни требаше и топка. Прво ми падна на памет кошаркарската, но таа е преголема и претешка.’’
На крајот, Морган ја замолил фирмата A.G. Spalding & Bros да направи соодветна топка, што и било направено. Резултатот бил кожна топка со пречник од 65 cm и тежина од 300 g. Потоа, Морган, со уште двајца пријатели, ги пишува првите правила на одбојката. Во почетокот на 1896 г., во Спрингфилд на YMCA Колеџот, била организирана конференција на која што се собрале сите директори за физичко воспитување на YMCA. На таа конференција, Морган за прв пат ја демонстрирал новосоздадената игра. Составил две екипи од по пет играчи којшто пред самата конференција одиграле “Мintonette’’. Морган им објаснил на присутните дека играта е предвидена за сала, но може да се игра и на отворено. Во играта можело да учествуваат неограничен број играчи,а главната цел била да се одржува топката во воздухот, над мрежата, од едната страна на другата.
Играта била одлично прифатена уште на самата конференција освен што името ѝ било променето во “одбојка“. Интересно е тоа што во текот на годините името не се менувало, освен што во 1952. година почнало да се пишува поинаку. Морган работел на правилата на игра и во 1897. година бил издаден и првиот прирачник со главните податоци за играта и како додаток биле издадени и првите правила на одбојката.
Одбојката на почетокот се ширела низ САД во универзитетите за да во 1900. година се појави и во Канада, со што Канада станала првата странска земја во која почнало да се игра одбојка. Потоа, почнува да се шири на сите страни на светот: Филипини, Кина, Бурма (Мјанмар), Индија, Јапонија, Мексико, Европа, Африка… До 1913. година одбојката во Азија се развила толку многу што била вклучена во програмата на Далечно-Источните игри огранизирани во Манила. Важно е да се спомене дека во Азија одбојката долго време се играла со 16 играчи во поле со цел да се зголеми бројот на учесници. Во Америка, веќе во 1916. година, овој спорт го играле 200 000 луѓе како на универзитетите, така и во училиштата. Играле и мажи и жени. Во 1918. година, правилата биле сменети. Бројот на играши бил ограничен на шест и било договорено дека дозволениот број на одбивање на топката е три пати.
До 30-тите години на 19. век, одбојката била првенствено спорт за забава и рекреација, којшто во различни земји се играл по различни правила, па постоеле само неколку межународни турнири. Во главно се одржувале турнири на државно ниво, преку коишто одбојката станува сé поинтересен натпреварувачки спорт што бара сé повеќе психо-физичка сила. Во април, 1947. година е основана Меѓународната одбојкарска федерација FIVB во Париз со цел за промоција на овој спорт во светот, создавање заеднички правила на игра, организирање меѓународни турнири, односно сместување на одбојката во програмата на Олимписките игри. FIVB првенствено вклучувала 14 држави-членки, а денес вклучува 218 што ја прави најголем спортски сојуз на светот.
Во 1948. година во Рим било одржано првото Европско првенство во одбојка, во 1949. година во Прага било одржано првото Светско првенство во одбојка, во 1952. година во Москва било одржано првото Светско првенство за жени. Во тој период се основаат националните одбојкарски федерации.
Во 1957. година одбојката била сместена во програмата на Олимписките игри, а прв пат била заиграна на Олимписките игри во 1964. година, во Токио. Во 90-тите години на минатиот век расте популарноста и влијанието на одбојката на песок, верзија на одбојката којашто главно се игра на плажите на западните брегови на САД и Бразил. Растот на популарноста на оваа верзија кулминира со сместувањето на одбојката на песок во програмата на Олимписките игри во 1996. година. Во текот на последната деценија, одбојката доживува сé поголем раст, а квалитетот и масовноста на меѓународните натпревари постојано расте.
проф. Ангелче Гушев