Во потрага по нови авантури поранешниот светски џет-ски шампион Френки Запата, ја дизајнира и направи конструкцијата на воден погон. Тоа се млазници кои ви овозможуваат во еден моментот да бидете високо над површината на водата, а во вториот момент да се нурнете во длабочините на водите.
Млазниците се поставени на двете страни на даска за сурфање, а нозете на даската на сурферот . Водата под висок притисок се испумпува преку долги црева кои се заглавени на ротирачка платформа што лебди над водата, а исто така и ќе ве придружува во вашата акробатика. Со цел да се движи во посакуваната насока, имате можност да користете управувачи , кои исто така се црева со вентили за регулирање на притисокот на водата. За оваа активност, без разлика колку таа навидум изгледа лесна, потребна голема физичка кондиција, а секако и да сте добар пливач.
Користјќи го е flybord-дот вие може да застане над вода и на височина до 15 метра или ако сте храбри, да реализирате различни акробации и тоа во воздух и под површината на водата.
Овој екстремен спорт стана популарен со голема вртоглава брзина во Америка и Австралија. Запата тврди дека управувањето со водената машина воопшто не е тешко и за само една година има добиено повеќе од 1.500 нарачки, а цената на едно парче чини до 6,500 долари.
Делува имресивно нели – нема што !
м-р Ангелче Гушев