Тест: Чекори во страна

Тестот се реализира помеѓу две паралелни линии на  растојание од 4 метри. Почетната положба на испитаникот е во стоење со споени нозе. Внатре помеѓу линиите испитаникот с поставен бочно до првата линија. Целта е да испитаникот се движи бочно од линија до линија (чекор до чекор ), без вкрстување на на нозете. Кога ќе застане  со надворешната нога на линијата или пак  премине преку неа, застанува и не ја менува положбата на телото. На истиот начин се враќа до првата линија, која исто така мора да ја допре со стопалото или пак да премине преку неа. Тоа се повторува шест пати во низа. Кога испитаникот на опишаниот начин ќе помине шест пати на растојание од 4 метри, задачата е завршена. Испитувачот се наоѓа спротивно од испитаникот. Доволен е еден испитувач, а проценката на вкупното траење на тестот за еден испитаник е изнесува 3 минути. Времето  се мери во десетинки од секундата од почетниот знак до завршувањето на шестото преминување на патеката од 4 метри. Задачата треба да ја демострирате. Предходно увежбување на задачата не е дозволено пред  тестирањето.

 

 

проф. Ангелче Гушев

 

Литература:
– Metikoš, D., Prot, F., Hofman, E., Pintar, Ž. i Oreb, G. (1989). – Mjerenje bazicnih motorickih sposobnosti. Fakultet za fizicku kulturu Sveucilišta u Zagrebu).
– Markovic, G., Misigoj – Durakovic, M. i Trninic, S. (2005). Fitness Profile of Elite Croatian Taekwondo Athletes. Coll. Antropolog. 29(1):93-99.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*