Блокирањето на удар на гол припага во делот на индивидуалната тактика на игра во одбрана. Индивидуалната одбрана најретко се пименува и како таква се смета за неиспитано подрачје. Овој тип на одбрана според некои ракометни експерти се смета за “иднина на ркометнта игра”. Една од причините заради кои не се употребува индивидуалната одбрана е претпоставката дека за оваа одбрана е потребно техничко-тактичко совршентсво, како и висок степен на психомоторички особини кај учениците (играчите). Блокирањето на удар на гол го сретнуваме во фазата на тренирањето како предвежба на во колективната одбрана, а со тоа како сегмент од колективна тактика во одбрана. Најчесто применувани елементи во блокирањето на удар на гол како индивидуална одбрана се :
– одземање на топка – најчесто се прави во фазата на летање на топка од еден на друг противнички
играч
– спречување – одбрамбен играч со правилно поставување на своето тело на патеката на движење
на противникот и не му се дозволува да ги заврши планираните активности
– следење – бидејки секој играч е задолжен за чување на свој дел од просторот, негова задача е да го следи противничкиот играч, кој втрчува од еден во друг дел од просторот
– блокирање на топката – најчесто се прави од скок или од место,недозволувајки и на топката да го продолжи летот кон голот
– прекинување на нападот – еден од најважните елементи, кога играчот од одбраната мора да стапи во контакт игра со напагачот, заради прекинување на акцијата
– покривање – се подразбира ангажман на секој одбрмбен играч врз својот напагач.
Секогаш при блокирањето на удар на гол треба да се внимава на :
– затворање на просторот за премин на топката
– движење кон топката
проф. Ангелче Гушев