Home / Престој во природа / Логорување во природа / XXVII извиднички средби Велес 2012

XXVII извиднички средби Велес 2012

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, реализирајќи ја својата програма за работа за 2012 година, ги организираше 27те Средби на извидници – Велес 2012.Средбите беа организирани во периодот  од 5-7 октомври оваа година и беа од мегународен карактер. Логорот на овие средби беше стациониран  на терените на манастирот Св.Илија, а стазата за ориентација беше организирана по терените на град Велес.  Патролите учесници на овие средби  движејки се по стазат за ориентација имаа можност да го запознаа град Велес  и тоа црквата Св. Богородица, потоа куќите на Васил Главинов, ЈХК – Џинот, Касапови, црквата Св. Пантелејмон,  Којник, Младинскиот парк. На сите овие контролни точки извидниците учесници имаа задачи да реализираа определени  активности како на пример: да нацртаат профил на терен, кроки, скица на контролна точка, да поминат минско поле и  да нацртаат итинерер на минско поле,  да напишат извештај на помината патека, да пренесат скриена порака,да нацртаат панорамска снимка, да решат тестови од извидништво, топографија, општа култура и прва помош и да сигнализираат со  помош на семафор и морзе и да врзуваат десетина јазли. На овие средби учествуваа шеесетина извидници од република Македонија и Република Србија.  Првото место го освои патролата на извидничкиот одред “Гоце Делчев“ од св.Николе, второто патролата на извидничкиот  одред  “Лукијан Мушицки“ од Темерин  – Република Србија и третото место го освои патролата на извидничкиот одред “Јадран“ од Скопје. Домакинот на овие средби извидничкио одред “Димитра Влахов“ организираше и работна средба на постари извидници,   се со цел да се започне со планирање на прославата “60 години извидничко движење во Велес, 60 години – МЛАДИ“,  затоа што овие средби на извидници го означуваат почетокот на прославата повод  60 години извиднички одред  “Димитар Влахов“ од Велес, односно роденденот  на најстарата младинска организација во Велес и Македонија,  затоа што почетоците на одредот датираат од далечната учебна 1952 – 1953 година. Средбите беа помогнати од Општина Велес.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*