Обично исечкано сирење во коцки што го служиме, може да изгледа далеку по убаво доколку им додадеме неколку состојки. Тркалцата или бомбиците од сирење одлично ќе се вклопат во чинија, а вкусот прилега за сите…
Што ни е потребно: 100 gr. обарени артичоки, 120 gr. фета сирење и 250 gr. обарен спанаќ. Ќе ни е потребно и 230 gr. павлака, 2 кафени лажици мелен лук и 2 супени лажици маслиново масло.
Начин на подготовка: Во сад ставете го сварениот спанаќ и артичоките и гмечете ги со вилушка. Додајте ги останатите состојки и замесете ги со раце како да правите тесто. Штом добиете убава хомогена смеса, почнете да правите бомбици (тркалца). Ваков вид на фета бомбици сервирајте ги со чипс, крекери или свеж зеленчук. Овој вид на бомбици се подготвуваат за 15 минути и тоа за 20 лица и содржат 110 kcal.
За појачување на закуската можете да подготвите и втор тип на бомбици за кои ви е потребно: 450 gr. пршута, 230 gr. павлака, 3 супени лажици мајонез, 1 ком. сецкан кромид и 1 шоља сецкани ореви. Откако ситно ќе ги исечкате состојките, ставете ги во сад, додајте маслиново масло и повторно месете и формирајте бомбици. И овој вид на бомбици се подготвуваат за 15 минути и тоа за 20 лица и содржат 235 kcal.
проф. Ангелче Гушев