Caprese салата

Истражувањата велат дека луѓето кои редовно јадат домати имаат помал ризик да заболата од  кардио васкуларни и малигни болести. Доматот е високо вредна намирница што содржималку масти, а плус тоа ги лекува мозолчињата. Ако сакате витка линија и блескава кожа, еве што треба да јадете цело лето.
За две порции потребно ви е: два поцврсти домати, 230 грама свежо моцарела сирење, 5-6 ливчиња босилек … исто така ќе ви треба 3 супени лажици маслиново масло, 2 супени лажици црвено вино или оцет балсамико, сол, црн пипер.

Начин на подготовка: Убаво измијте ги доматите, исечкајте ги на тенки кругови и наредете ги на чинија. Врз секој домат ставете круг бела моцарела. Можете да ги наредите и еден врз друг, за да чинијата делува повпечатливо. Во шолја сипете потребни количини маслиново масло, оцетот, зачините и свежиот босилек. Толчете ги состојките неколку секунди за босилекот да пушти сок. Прелијте ја салата. Ако не можете да поднесете свеж босилек, ставете сушен или заменете го со магдонос. Подготовката трае 15 минути и има 144 kcal по порција или има 6 gr. протеини, 1 gr. диетални влакна и 6 gr. јаглени хидрати.  Наздравје !!!

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*