Во организација на Сојуз на извидници на Македонија, во периодот од 31.7.2017 до 6.8.2017 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид се одржаа два кампа и тоа првиот камп со заеднички програмски активности со франциските извидници кои доаѓаат од Париз, Тулуз и Лион, а вториот камп беше во организација со здружение на граѓани “Крик“ чии членови се со посебни потреби (слепи, глуви, даунов синдром и аутизам). Во рамките на двата камови се реализираа следните активности: активности на вода, хајк, запознавање на градот Охрид, веслање, едукативни мотивациони сесии, сесии на запознавање на културите и обичаите и разликите помеѓу народите. На овие два кампа од страна на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес учество земаа следните извидници: Иван Гушев, Мартин Голчев, Кире Харалампиев, Петар Цветановски и Благој Ѓорѓиев.
м-р Ангелче Гушев