Користењето на јаглени хидрати како извор на енергија е поврано со нивото на интензитетот на физичката активност или тренирање. Колку е поголем интензитетот на вежбањето, толку поголем придонесот на јагленохидратите во обезбедувањето на енергија. Се разбира дека од интензивната физичка активност многу порано доага уморот и исцрпеноста на организмот. Спортистите кој се со доста добра физичка подготовка и имаат добра кондиција, истите можат да вежбаат со часови на 40-50 % VO2 max, односно околу еден до два часа на 70 – 80 % VO2 max, но само неколку минути на максимално или супер максимално ниво на VO2 max.
Оптимизирање на нивото на енергија
За одржување на издржливоста и силата, кои ви се потребни за време на тренинг или натпревар, внесувањето на адекватна количина на јагленохидрати и течности се есенцијални. Телото има ограничени залихи на гликоген кој се троши после само еден или два часа интензивно вежбање. Кога залихите на гликоген ви се со ниско ниво, може да ви се појавата следните симптомиap]:
– општ умор
– недостаток на координација
– намалување на силата
– потешкотии со концентрацијата
– споро време на реакција
– споро опоравување
м-р Ангелче Гушев