Ова е тест преку кои се проценува челната и страничната подвижност (агилност). На овој тест испитаникот има задача да се движи со дочекорна техника. Тој започнува со движење така што левата нога е напред (од точка А до точка В), потоа со левата во дијагонален став се движи наназад (од точка В до точка D), а потоа со бочно движење (од точка D до точка А)се завршува првиот циклус. Циклусот се повторува и во другата насока (без паузапомеѓу двата циклуси), а тоа значи: со дочекорна техника на движење – десната нога напред (од точка А до точка В), потоа со десна нога во дијагонален став се движиме наназад (од точка В до точка С), потоа со бочно движење (од точка С до точка А) се завршува вториот циклус. Тестот се завршува после две регуларни реализирани движења.
м-р Ангелче Гушев