Дваесет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ -Велес заедно со членовите на Вардарска регата “Гемиџии“ – Велес и преставниците на подмладокот на Црвениот крст од Велес во периодот од 19-21 август 2016 год. како преставници на Општина Велес , а на покана на градскиот сојуз на извидници од Шабац и извидничко – пореченскиот одред “Савски чивијаши“ зема учество на Савската регата Јарак – Шабац “Завеслај више 2016“.
Пловидбата на оваа регата беше во должина од 25 км на релација Јарак – Шабац и тоа по течениоето на река Сава. На оваа Савска регата учество земаа повеќе од 200 учесници на повеќе од 20 пловни објекти (дрвени и гумени моторни чамци, катамарани и друг вид на речни пловила). Од страна на организаторот на ова Савска регата Благодарници за учество добија: Град Велес, Вардарската регата “Гемиџии“ и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес. Воедно треба да се нагласи деке се воспоставија многу контаки со регати од Србија, Босна и Херцегови и Црна гора со што сакаме да ја подигнеме Вардарската регата на Балканско ниво.