Home / Методика на ФЗО / Во училиште каде учениците дневно трчаат една милја, нема дебели ученици

Во училиште каде учениците дневно трчаат една милја, нема дебели ученици

img-1395_886708Благодарејќи на секојдневното истрчување на една милја, ни едно дете во училиштето “St Ninians” не е дебело! Веќе четири години наставниците секој училишен ден ги испраќаат на дневно истрчување на една милја (околу 1,6 км.) и оваа редовна вежба се покажала повеќе кратно корисна. Не само што учениците се здрави и издржливи, туку и многу повеќе се концентрирани на наставните часови. Веќе 500 други основни училишта ширум Обединетото кралство започнува да ја применува оваа програма во борба против прекумерната тежина на учениците. “Најважно е дека учениците уживаат во оваа активност, инаку не би можеле да ја спроведеме програмата од идеја на дело, изјави директорката на училиштето Елејн Вили.
Од трчање учениците се враќаат со румени обравчиња, со разигран и активен поглед, токму како што треба да изгледаат здрави ученици. Оваа програма одзема само 15 минути дневно. Учениците трчаат по атлетската стаза на училишното игралиште тогаш кога имаат највеќе слободно време или пак кога нив им одговара. Единствено треба да се нагласи дека доколку има лошо време трчањето на една милја не се реализира, односно се прескокнува оваа активност. Дебели ученици има се повеќе и тие се загрозени од кардиоваскуларни болести, дијабетес, болки во зглобовите и коските, а прекумерната тежина носи ризик за добивање на рак. Научниците од универзитетот Стрилинг моментално го истражуваат влијанието на дневното трчање на учениците на физички, емоционален и когнитивен план и целокупната емоционална состојба на учениците. Д-р Колин Морган раководител на споменатата студија за Гардијан изјави дека учениците од училиштето “St Ninians” немаат проблем со дебелината, а трчањето ги прави среќни, но и побрзо го совладуваат наставното градиво.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*