Глуварчето (Taraxacum officinalе) е една најраспротанетите билки во природата, но во многу земји се култивира бидејќи се користи и како специјалитет во исхраната. Лековито е целото растение (корен, лист, цвет и стебло). Листовите се собираат пред да процвета растението, коренот во пролет и есен а стеблото за време на цвет. Глуварчето се смета за едно од најдобрите растенија за прочистување на организмот од наталожените токсини (отрови) во организмот. Лековитоста доаѓа од богатиот состав на витамини од групата Б, витамин А, Ц и Д, флавоноиди, танини, калум, цинк, магнезиум, железо и др. Во терапевтски цели се користи во форма на чаеви, сок, сируп а од листовите се прави многу вкусна и лековита салата.
Меѓу позначајните докажани лековити дејства на глуварчето се:
го подобрува варењето на храната и е добар лек за пациенти кои страдаат од желудечни и тегоби во цревата. Докажан и ефикасен лек за заболувања на црниот дроб како што се: жолтица, цироза, камен во жолчка и воспаленија на жолчното ќесе. Глварчето ја прочистува крвта и го намалува нивото на “лошиот” холестерол, потоа ги ублажува ревматските болки. Има позитивни дејства врз и ги прочистува мокрачните патишта па заради тоа има благопријатно дејство на мочниот меур и бубрезите.
Чај од глуварче
Чај од корен се приготвува на тој начин што една кафена лажичка сув иситнет корен се става во половина литар вода да проврие 10 минути. Чајот се пие 4 пати по поливина чаша. Од надземниот дел чајот се подготвува како инфуз, односно една супена лажица листови и цветови се прелеваат со чаша врела вода, се остава да искисне 10-15 минити, се процедува, се засладува со мед и се пие 4 пати дневно по 100 ml.
Салата од листови од глуварче
Подготовка: За салата се потребни свежи млади листови (набрани пред да процвета растението). Насецкајте ги листовите, прелијте со маслиново масло, додајте сол по желба и лимон. Може да се комбинира и со други салати по желба.
Мед од глуварче – природен лек против кашлица
Медот од глуварче е едноставен за подготовка и можете сами да го приготвите. За негова подготовка потребно е: 200 свежо набрани цветови од глуварче 2 килограми нерафиниран шеќер 2 литри вода 2 лимона Подготовка Свежите цветови измијте ги со ладна вода, исцедете ги и во погоден сад прелејте ги со 2 литри вода. Ставете ги на оган да зовријат и варете ги 20 минути. Смесата се трга од оган, се процедува и се додаваат 2 kg шеќер. Сорджината се вари сè додека количината не се преполови. Потоа со постојано мешање во содржината додадете 2 лимона исечкани на коцки и продолжете со варењето сè додека не добиете смеса слична на мед. Потоа смесата сè уште топла ја ставате во стерлизирани тегли, кои цврсто се затвораат и се чуваат на темно и ладно место. Се употребува еднаш до два пати на ден по 1 кафено лажиче додека не се ослободите од симптомите на кашлица. Напомена: овој природен лек не треба да го употребуваат дијабетичари.
м-р Ангелче Гушев