Меѓународната ракометна федерација најави промена на правилата на ракометната игра, кои ќе мора да бидат финализирани до први јули оваа година. Промените се ратификувани од страна на Советот на ИХФ во Сочи и објавени на последниот конгрес, одржан на шести ноември минатата година. Петте правила се тестирани на СП за јуниори и кадети во Бразил и Русија, а се однесуваат на:
– ГОЛМАНОТ КАКО ИГРАЧ: голманот може да се користи како седми играч во поле.
– ПОВРЕДЕН ИГРАЧ: повредениот играч мора да ја напушти играта по добивањето медицинската помош и може повторно да влезе во игра дури после третиот напад на неговиот тим.
–ПАСИВНА ИГРА: по подигање на раката од страна на судијата, екипата има уште најмногу шест додавања пред шутот на гол.
– ПОСЛЕДНА МИНУТА: во Правилата 8:5, 8:6 и 8:10д, терминот “последна минута од натпреварот“ треба да се замени со “последните 30 секунди од натпреварот”
–ПЛАВ КАРТОН: судиите добиваат плав картон покрај црвениот и жолтиот, со цел да се биде поконкретен во однос на исклучувањето на играчите. Ако се покаже плав картон, во писмена изјава ќе биде додаден и извештај за кој дисциплинската комисија ќе донесе одлука.
м-р Ангелче Гушев