Преку шетање и движење низ шумата, барем еднаш во животот, секој ја почустувал и уживал во убавината на природата. Ова е една голема причината зошто некои луѓе избираат да живеат во шумата, но и во нејзина близина, веднаш до шумите и зошто други луѓе патуваат илјадници километри за да ги посетат шумите.
Сепак, научниците во Јапонија откриле дека традицијата која е наречена Шинри-иоки или т.н. “Капење во шума” останува силна и таа и понатаму останува доста јака од причина што се допира до биохемиска природа на шумата.
Имено, научните истражувања откриле и докажале дека престојот во шумата и природата го подобрува природниот имунитет, што е важен фактор за спречување на рак и други хронични заболувања.
Со научни истражувања, вршено е тестирање врз примероци пред престој во природа и по два часа прошетка во и престој во шума и природа. Добиени се резултати кои го покажуваат следното: кај сите испитаници има повеќе Т-клетки, потоа испитаниците имале понизок крвен притисок, истите се чувствувале по спокојни и имале голема јаснотија и смиреност во умот и главата.
Шумските дрвја и растенија имаат можност да во сопствената средината емитуваат “антимикробни“ испарувања на органски соединенија на билни и растителни деривати наречени фитонциди кои ги неутрализира бактериите и габи, кои ги напаѓаат нив. Габите и бактерии може да бидат проблем и за нашиот имунолошки систем, а се потврдува и дека и дрвјата не ги поднесуваат.
Шумски дрвја кои честопати се стари со десетици години но другите растенија, во подобрувањето на нивната заштита, односно преку соединенијата што ги репродуцираат како компоненти можат да ги убијат габички и бактерии. Кога се движите во шума, вашиот здив се соединува со овие компоненти . Дејството и ефектот трае околу два месеци.
На пример, кога се движиме низ шумата ние се капеме во нејзиниот природен имунитет. Ние сме потопени во “фитохемикалии” на имунолошкиот систем на шумата.
м-р Ангелче Гушев