Home / Сојуз на спортови Велес / Средба со преставниците на Сојузот на спортови на Велес

Средба со преставниците на Сојузот на спортови на Велес

SPORT1Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев на 19.11.2015 год. (четврток) го прими претседателот на Сојузот на спортови како и членовите на управниот одбор. Велес е спортски град со богата спортска традиција. Сликата во спортот  се менува на подобро. Како спортски работници изразија благодарност за инвестициите во спортската инфраструктура што се случуваат во Велес во последните 2-3 години како што се: 1. реконструкциите на градскиот стадион со поставувањето на вештачката трева , поставените столчиња и новите соблекувални, 2. изградбата на помошното фудбалско игралиште, 3. новиот тениски терен што пред неколку дена беше пуштен во употреба, 4. инвестициите во спортската сала Гемиџии и новите содржини што таму се внесени како пинг-понг салата, фитнес центарот и други итн. Сите овие инвестиции во спортските објекти значително ги подобрија условите за работа на клубовите, односно за тренинзите и за натпреварите.
Соработката и поддршката од Општина Велес ке продолжи и понатаму.
Изминатите неколку години, Општината ги поддржува сениорските екипи со 2.5  милиони денари и дополнителни 500.000 денари за младинските и кадетските екипи –  средства за надомест за користење на спортските објекти за обавување на тренинзите на  клубовите, а поддржани се и спортисти кои учествуваат на меѓународни натпреварувања.  Пред неколку дена Советот ја донесе програмата за активностите во областа на спортот  за 2016 година со која повторно се обезбедени овие средства и за наредната година. Овој воспоставен начин на соработка носи резултати и убедени сме дека ќе продолжи  со уште посилен интензитет и во наредниот период. Тоа е за доброто на спортот во градот.

извор: //www.facebook.com/cadievslavco/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*