Проприоцепцијата е механизам на автоматска осетливост во телото кој испраќа пораки низ централниот нервен систем (ЦНС), а централниот нервен систем потоа пренесува информации до останатите делови од телото за тоа како реагираи со колкава тензија. Поимот проприоцепција доаѓа од латинскиот збор (lat. “proprius”) – свој, специфичен, сопствен, посебен и (lat.“perception”) – перцепција, предвидување, забележување.
Проприоцептивните вежби настојуваат да ги стимулираат состојбите во спортот во рехабилитивно опкружување. Проприорецепторите (кои се нарекуваат и механорецептори), се завршетоци на нервните станици преку кои се испраќаат сите информации кон мускулно-скелтниот систем и кон централниот – нервен систем. Тие исто така се наречени и “сензори“, а се наогаат во мускулите, зглобовите и лигаментите. Реагираат на притисок, истегнување и напрегање и се клучни во превзимањето на информации кои се познати како “stretch/reflex“.
Постојат два основни делови на проприоцепцијата:
– телесна способност да се менува силината на мускулите во непосреден одговор/ реакција на надворешни (екстерни ) сили и
– сетило со кое се испраќа сигнал до мозокот во која позиција сте и
во кој било момент каде се наогаат вашите екстремитетите ( Riehl R. Rehabilitation of lower leg injuries 1990.)
Проприоцептивната повратна информација, е порака на рецепторите лоцирани во мускулите и зглобовите, која доага до централниот нервен систем, вестибуларниот апарат во внатрешното уво па и во очите (Day RW, Wildermuth BP. Derscheid GL 1988., Brown WC. Kennedy JC 1985., Alexander IJ, Hayes KC 1982.)
Рецепторите на мускулите и зглобовите се стимулирани од движењата на мускулно-склетниот систем. Вестибуларниот апарат овозможува можност за осознавање на позицијата на телото и стимулирање кога телото од исправена положба ја менува позицијата. Очите помагаат при усмерувањето и ориентирањето на главата и телото во даден момент. ( Schmidt RA. Motor Learning Performance. Champaign, IL 1991.)
Проприоцепцијата претставува способност на организмот да свесно или несвесно препознаваат положби на делови од телотото во просторот и времето. Горе, доле, лево, десно, наведнато, исправено. Свесната или динамичката проприоцепција овозможува правилно функционирање на
зглобовите во движењето за кое свесно сме се одлучиле.Несвесната или статичката проприоцепција овозможува рефлексно одржување на стабилност во зглобовите и зглобните системи. Рефлексната проприоцепција е значајна во заштитата на зглобовите од ненадејни проблеми, при кое доага до брзо и снажно механичко оптеретување на зглобовите.
Активностите во кои се бара рамнотежа, координација, прецизност и сила, па и движења кои го надминуваат нормалниот спортскиот опфат на движења, се одличен начин на увежбување на проприоцепциска адаптација.
Рамнотежа: тоа е способност на организмот за самокорекција на движењата. Се подобрува низ повратни информации кои се добиваат од проприоцепцијата.
Силина: темелната силина на абдоминалните (стомачните мускули), грбните и глутеалните мускули, се основа од која потекнуваат сите движења, а силата е катализатор на постојаност на положбата – способност да се одреди темелната стабилност, рамнотежа и контрола.
Брзина: спортистите своите проприоцептивни спосбоности може да ги подобрат поттикнувајки го своето тело на поголема реактивност.
проф. Ангелче Гушев