Во период од 5 до 12 јули 2015 год. во село Скребатно – Охрид, се одржа тренинг за лидери – Школа за водачи на патроли и јата, на кој што од извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес директно учество земаа седум извидници и еден извидник како посетител. На оваа обука која е дел од соработката на Сојузот на Извидници на Македонија и Данските извидници учесниците на тренинг кампот се обработуваа следните теми: типови на лидери, мотивација, комуникација, добар лидер и неговите одговорности, конфликт менаџмент, процес метод , а воедно се стекнаа и со одредени вештини и знаења неопходни за водење на јато, патрола и дружина. Во рамките на тренингот се организираше и дводневен хајк на кој што учество земаа сите велешки извидници на кои што извидниците престојуваа целосно во природа. Покрај седумте извидници од нашиот одред Трајче Темелковски, Марија Војневска, Ангела Чејкова, Благој Ѓорѓиев, Симона Тодорова, Кире Харалампиев, Елена Стумбова и Благој Горчевски. Имаше и четворица извидници од извидничкиот одред “Мирко Милески од Кичево, два извидника од извидничкиот одред “Крсте Јон“ од Струга, два од ново формираниот извидничкиот одред “Феникс“ од Прилеп и три извидници од Скопје од извидничките одреди “Браќа Миладиновци“ и “Методија Митевски- Брицо“. Покрај извидниците од Македонија на овој тренинг за лидери учество земаа и десет извидници од Данска. Преку оваа меѓународна соработка извидниците од Велес се стекнаа со дополнителни едукативни знаења за работа со деца и млади на возраст од 10-18 години со што ќе може во целост да се надгради одредската програма за работа која што секоја година е во континуиран раст на програмски активности за млади.
м-р Ангелче Гушев