Home / Престој во природа / Логорување во природа / Велешките извидници на XVII Вардарска регата “Гемиџии“

Велешките извидници на XVII Вардарска регата “Гемиџии“

bratskaСтотината современи Гемиџии, по четири дена пловење во 14 пловни објекти  од 25 до 28 јуни оваа година, пристигнаа во Гевгелија. Ветерот годинава  ни беше сојузник на сите учесниците, тој дуваше во правецот на пловењето,  па сите четири дена имавме одлична пловидбата.  Проблеми не создаваа и не така  високите температури и жешкото сонце, кое не ги ,,испече,, гемиџиите. Со големи напори  Гемиџиите стигнаа до Гевгелија, откако во четвртокот тргнаа од Велес. Попатно ноќеваа во воениот полигон во Криволак, во Демир Капија и во  Марвинци. На оваа 17-та по ред Вардарска регата,  за четири дена учесниците минаа 140 км покрај нас извидниците преставници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ беа и припадниците на воената полиција на АРМ чиј домакини бевме ние извидниците, но и нашите пријатели браќа извидници од нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш, Република Србија. Тука беше и МВР, пожарникарите, подмладокот на Црвениот крст. Оваа година учесници од страна на извизднички одред “Димитар Влахов“ – Велес беа, Ангелче Гушев, Ненад Андреевски, Златко Ристов, Јане Јанков, Љупчо Кузмановски, Зоран Пановски, Мартин Голчев,  Трајче Темелковски, Александар Љутков и Благој Горчевски. Додека пак извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ го преставуваа: Владан Милановиќ, Никола Марковиќ, Мома Стојановиќ,  Милан Будаковиќ и Милан Марковиќ.
Нивото на реката Вардар како и минатите години овозможи безбедно пловење. Годинешниот број научесници, стотина за кои тие можат да гарантираат безбедност, бидејќи бројот на пловила  14 и нивното меѓусебно растојание  во цела должина од  околу еден километар е максимум, кој тие можат да  го контролираат, повеќе не.  Годинава за прв пат по 16 години, регатата имаше меѓународен карактер, учествуваа гости од Србија и Бугарија. Тие беа задоволни од тоа што го доживеаа изминатите четири дена. Впечатоците се дека Вардар не е тешка река, како што очекувавме. Не се плашевме туку бевме претпазливи. Првиот ден беше најдолг и највозбудлив потоа беше лесно.Не сме поречански одред, освен штои имаме искуство на веслање по езеро, ова е прво по река но се мина супер. veslaj
Прв пат сме на регата и дојдовме по покана на извидничкиот одред Димитар Влахов . Сега сме помала група, но се надеваме дека наредната година ќе бидеме помасовни. Немаме претстава што може да не очекува но се надеваме дека времето ќе биде убаво и дека нема многу да изгориме и дека нема да биде напорно. Сепак дружењето е најважно“, рече извидникот од извиднички одред “Миja Станимировиќ“ од Ниш, Никола Марковиќ.
И на годинешнава Вардарска регата со свое учество се вклучија голем број институции, а за безбедноста на пловидбата се задолжени членовите на Црвен крст и спасителите на вода.
„Претходно имавме обука на вода и сите оние кои пловеа се запознати со правилникот за работење на регатата и ги потпишаа изјавите за учество во неа. Луѓето се едуцирани како треба да се однесуваат на вода а тука се и безбедносните сили и Црвен крст со спасителите на вода, рече организаторот од Здружението Вардарска регата Гемиџии, Анѓелче Гушев.

Оваа 17 Вардарска регата беше пратена од страна на телевизиска екипапа на националната ТВ Канал 5 кои сите четири дена ја снимаа регатата, а потоа ќе изработат и документарен филм за истата.

Во продолжение ви ја преставуваме сторијата на како извидникот Никола Марковиќ ја виде оваа регата: http://kakorastesreca.blogspot.com/2015/06/iz-dnevnika-vardarskog-nomada.html

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*