Кинезиолошките активности без разлика дали се индивидуални или тимски, се одлична активност за децата кои даваат навистина добри бенефиции и тоа не само физички. Бавењето со кинезиолошките активности им помага на децата да изградат самодоверба, самопочит, ги мотивираат да остваруваат добри академски резултати и да изградат социјални вештини. Ги учат што значи да поставуваат цели и да вежбаат. Еве неколку причини поради коишто треба детето да практикува кинезиолошките активности од мали нозе.
Подобри резултати на училиште: Голем број истражувања покажале дека постои позитивна врска помеѓу кинезиолошките активности и успехот на училиште. Се верува дека ослободувањето од вишокот енергија низ кинезиолошките активности влијае на подобрување на концентрацијата и подобри резултати на училиште.
Подобри социјални вештини: Помислете што сѐ може детето да научи за време на тренирањето на фудбал: почитување на правила, тимска работа итн. Лекциите научени на теренот се и социјални вештини. Затоа и не е зачудувачки фактот што децата кои активно спортуваат во подоцнежните години лесно се пронаоѓаат во улогата на лидери.
Превенција од употреба на дрога и алкохол: Мошне е мала веројатноста децата кои мораат да бидат во одлична кинезиолошка форма, дека ќе користат дрога или алкохол. Тренерот кои поставува правила за однесувањето служи како зајакнување во превенцијата против зависноста.
Поголема самодоверба: Децата кои практикуваат кинезиолошки активности и кои добиваат позитивно влијание од другарите и тренерот, имаат поголема самодоверба од оние кои не се занимаваат со спорт. Истражувањата од Универзитетот на Флорида покажале дека ова е особено точно за девојчињата.
Превенција од здебелување: Во денешно време сѐ повеќе деца се склони кон дебелеење. Поголемиот дел од нив ќе пораснат со оваа дебелина, што го зголемува ризикот за многу други здравствени проблеми. Еден од најдобрите начини за намалување на овој ризик е редовните кинезиолошки активности.
Емоционална контрола: Учењето и активното учествување во спортот е добар начин за децата да научат да ги контролираат емоциите. Секогаш ќе има победници и губитници, а децата треба да бидат подготвени и за едното и на другото. Со спортот, децата ќе научат да ги решаваат проблемите и да работат како тим, што е значаен фактор за емоционалната контрола.
Напорна работа = резултат! Колку порано ќе успеете да им докажете на децата дека добриот резултат е производ на напорна работа, толку е подобро за него. Не постои замена за напорна работа. Принципот кои децата го учат низ кинезиолошките активности ќе остане со нив за цел живот – како на училиште така и во подоцнежните години, на работа.
Подобро управување со времето: Децата учат да се вклопат во спортските и вонучилишните активности со редовни обврски како што се домашните задачи. Вештината на управување со времето ќе доведе до добри резултати и на училиште но и во подоцнежната кариера.
Тимски дух: Нема подобро чувство отколку чувството да се биде дел од тимот. Децата кои се занимаваат со спорт градат пријателства со соиграчите и тренерите кои се од суштинско значење. Низ оваа врска децата градат тимски дух, учат како да дадат потпора и како да ги охрабрат луѓето околу себе.
Правила и правичност: Каков би бил еден фудбалски натпревар без правила и судија кој ги спроведува овие правила? Децата, низ спортот учат да ги почитуваат правилата и поради нивното непочитување да се соочат со последиците. За да им помогнете на децата да ги унапредат спортските искуства важно е да присуствувате на натпреварот и да ги пофалите за вложениот напор. Исто така, добро е да се биде модел на детето така што и вие ќе се занимавате со спорт. Важно е како родител да покажете правичност, великодушност и љубезност за време на играта.
м-р Ангелче Гушев