Во Големата сала на Општина Велес на 13.4.2011 год. (среда) се одржа Собранието на Сојуз на Спортови на Велес. На оваа седница на која што присуствуваа нешто повеќе од половина од регистрираните делегати од спортските здруженија од Велес, меѓу другото се донесе одлука за усогласување на статут на Сојузот на спортови на Велес, се прифати извештајот за работа и финансискиот извештај на сојузот, се примија нови седум членки во сојузот со што сега бројката порасна на 38 полноправни членки во градската спортска фамилија. Воедно беше и договорено дека во месец октомври ке се одржи и редовното изборно собрание на кое што ке се избира нов претседател и извршен одбор на сојузот.
проф. Ангелче Гушев