Home / Престој во природа / Ориентација во природа / Велешките извидници втори

Велешките извидници втори

На покана на извидничко поречанскиот одред “Јадран“ од Скопје, две патроли на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес земаа учество на 38 меѓународен меморијал “Марко Граорковски“. Овој меморијал се одржа на терените на општина Петровац во Катлановска Брезица и тоа во периодот од 8-10 април оваа година. Натпреварите се организираа во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен, полигонски натпревари, изработка на пренокевалиште на терен, прва помош и преживување во природа.  На овој мегународен меморијал учествуваа следните одреди и тоа: Ио “Илинден“, ПСИО, ИО “Браќа Миладиновци“ и ИПО “Галеб“ од Скопје, ИО “Крсте Јон“ од  Струга, ИО “Скаут“ од Куманово, ИО “Мирко Милески“ од Кичево, ИО “Димитар Влахов“ од Велес и извидници од Ниш – Република Србија и извидници од Подгорица – Република Црна Гора.
На овој меѓународен извиднички меморијал во категоријата извидници првото место го освоија извидниците од ИО “Вожд“ од Ниш, второто место го освоија извидниците од ИО “Димитар Влахов“ од Велес, а третото место извидниците од Скопје. Покрај ова имаше организирано и натпревари за помлади извидници. Со освојувањето на второт место на извидниците од Велес се потврдува квалитетната работа на велешката извидничка организација.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*