Фризби е реквизит за една доста квалитетна рекреативна игра која бара големо движење и преставува одлична алатка за спортско-рекретивно ангажирање на младите. Идеални услови за играње на фризби се: мека тревната подлога , каде што ке имаме беспрекорни услови за слободно фрлање на фризбито, а воедно и за безбедно фаќање на “одбегнатото“ фризби. Оваа игра предизвикува голем хумор и добро расположение. При исфрлањето на фризбито, реквизитот се држи така што палецот се наога на горната страна , а останатите четири прста во долниот дел на фризбито. Раката е свиена во лактот во ниво на рамото, а фризбито е благо насочен нагоре, како би се обезбедил лет на фризбито и истото да не заврши на тревата.
м-р Ангелче Гушев